Предметни професори: проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, доц. д-р Дарин Ангеловски

Цели на предметот

Усвојување на теориите на имагинарното и нивното функционирање во праксата (во сите уметнички остварувања: литература,  театар, филм, сликарство археологија, архитектура). Усвојување на знаења кои даваат можност за осознавање на човековиот имагинарен свет од праисторијата до денес преку препознавање и толкување на ознаките, цртежите, параболите, песните, митовите и други форми на креативно мислење.

Содржина на предметот

Експликацијата на поимот имагинарно;

Јунговите архетипи на несвесното во улога на обликување на сликата;

Башларовото имагинарно како полисемантичка категорија;

Поетика на просторот;

Водата и соништата;

Сартрово сведување на имагинарното на чиста концептуална слика;

Лакан и имагинарното;

Дирановиот систем на имагинарни слики;

Ноќните/дневните слики на Диран;

Темите на сонот;

Демонската страна на приказната за креативноста.

Основна литература

Ката Ќулафкова, прир. (2007) Поимник на книжевната теорија, МАНУ, Скопје, стр. 197-199.

Мојсиева-Гушева, Јасмина, прир. (2006) Реално/Имагинарно, Институт за македонска литература, Скопје, стр. 187-204.

Gilbert Dourand (1991) Antropološke strukture imaginarnog, August Cesarec, Zagreb.

Дополнителна литература

Башлар, Г.Б. (2002) Поетика на просторот, Табернакул, Скопје.

Ангеловски, Дарин (2016) Љубовта и соништата во романот ‘Дафнид и Хлоја’ од Лонг, во За љубовта, ЗККМ, Скопје, стр. 225-231. 

Мојсиева-Гушева, Јасмина, прир. (2006) Имагинарното во балканските литератури, Институт за македонска литература, Скопје.