Skip to content

проф. д-р Александар Прокопиев

prokopiev aleksandarИнтернет адреса: saprokopiev@hotmail.com Научно звање: научен советник / редовен професор во пензија Потесна област на научноистражувачки интерес: теорија на литературата и компаративна книжевност Докторска дисертација: Филолошки факултет Блаже Конески – Скопје, Сказната како жанр (врз примерот на македонската сказна), 1995 Последипломски студии: Сорбона, Париз и Филолошки факултет – Белград; магистерски труд Чудесните елементи во македонската сказна, Филолошки факултет – Белград, 1981 Високо образование: Филолошки факултет – Белград, Група: Општа и компаративна книжевност, 1977
Научноистражувачки проекти: Учество

Историја на македонската литература

Проникнувања помеѓу македонската и светската литература

Критичките модели во македонската литература во светлината на светската книжевно-теоретска мисла

Имагологија – сликата на Другиот во современата македонска литература

Главен истражувач на:

Феноменот љубов и неговите креативни импликации во јужнословенските литератури на XX век

Македонската современа проза во балкански контекст и

         Книжевни простори: “нашето” и “туѓото” во современата македонска литература и култура Студиски престои: Визитинг професор на универзитетите во Оксфорд, Букурешт, Будимпешта, Белград, Софија, Љубљана… Учество на научни собири: Учествувал на повеќе од 100 научни собири во значајни научни и високообразовни центри во земјата и странство. Монографии:

Дали Калимах беше постмодернист?, Скопје,1994

Патувања на сказната, Скопје,1996,

Постмодерен Вавилон, Скопје, 2004,

Борхес и Компјутерот, Скопје, 2005

        Измислувајќи ја Европа, Скопје, 2015 Научни и стручни трудови во периодиката: Автор е на бројни научни осврти, стручни рецензии, есеи во периодиката и дневниот печат во земјата и странство. Неговите есеи се преведувани на англиски, француски, италијански, полски, чешки, руски, јапонски, српски, словенечки и бугарски јазик. Членства во научни и други професионални асоцијации Друштво на компаративисти, Друштво на независните писатели во македонија, ПЕН центарот во Македонија. Општествени и професионални должности Главен и одговорен уредник на Спектар 35-36/2000 Член е на редакции на повеќе значајни списанија од областа на литературната наука: Orient Exspres (Оксфорд, Велика Британија) World haiky (Кјото, Јапонија), Context/Kонтекст, Корени, Наше писмо и СУМ.