Предметни професори: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот

Запознавање и градење на сознанија за христијанската духовна, филозофска и културна традиција, проникната во новите цивилизациски текови, со примена на методот на толкување на Светото писмо (Библијата) и нејзиниот одраз во културната историја и современост.

Содржина на предметот

  • Библијата како основа за профилирање на христијанската духовна и културна традиција.
  • Библиски книги.
  • Библијата и книжевната традиција.
  • Одразот на Библијата во ранохристијанската и во средновековната уметност и култура.
  • Библијата и историјата на теолошката православна мисла; проследување на развојот и судбината на црковното учење.
  • Патристичката книжнина: творбите на црковните писатели – свети отци.
  • Библијата и византиското богословие – спојот помеѓу античката филозофија, научната теолошка книжевност и практичната аскетско-мистична теологија.
  • Tемелните прашања на црковното учење и нивно проверување, ревидирање, доразвивање во текот на историјата на црковните догми;
  • Појаснување на Светото писмо преку толкувањето во најцелосна смисла на зборот и разработка на Откровението;
  • Библијата и македонскиот културноисториски идентитет.
  • Библијата во културната традиција на Македонија.
  • Социолошките и антрополошките културни интроспекции со библиски содржини.
  • Фолклорните форми во библиските текстови.
  • Афирмација на автентичната христијанската култура низ теолошките списи, фрескоживописот, црковните градби.

Основна литература

Свето писмо (Библија), Скопје, 2002

Мајкл Д. Куган (приредил), Оксфордаска историја библиског света  Београд 2006

Ѓорги Поп-Атанасов: Библијата за Македонија и Македонците, Скопје 1995

J.P.Migne Patrologae cursus completes Series Latina, t.1-122, Paris; 1844-1866 Series Graeca, t.1-160, Paris; 1850-1887; Series Graeco-latina, Paris; 1857

Дополнителна литература

Џон Дрејн: Увођење у Нови Завет, Београд 2004

Илија Велев: Македонскиот книжевен XIV век, Скопје 1996 

Маја Јакимовска – Тошиќ: Македонската книжевност во XV век, Скопје 2001