Вовед во културолошките студии

Предметни професори: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева и д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот

Да се стекнат знаења од повеќе хуманистички и општествени дисциплини од аспект на културата, како и знаења и разбирање на современите теории од областа на културолошките студии.

Содржина на предметот

  • Преод од модерна во постмодерна ера. Критика на просветителството. Замена на терминот постмодерна со глобализација. Критика на масовната култура: десна и лева критика. Центарот за културолошки студии во Бирмингем. Рејмонд Влијамс, Ричард Хогарт и Едвард П. Томсон.
  • Културолошките студии како академска дисциплина. Дефинирање на културата. Политичкото во културолошките студии. Кружниот тек на културата: Џонсовиот модел. Стјуард Хол и кодирањето и декодирањето.
  • Од историјата на културолошките студии: Културализам (културологија). Марксизам. Постмарксизам: артикулација и Луис Алтисер, хегемонија и Антонио Грамши. Јазички пресврт: условеноста на значењето од јазикот, јазикот како пресуден фактор за производство на вредности, значења и знаења. Роланд Барт.
  • Отпор низ теорија: класниот, половиот и расниот идентитет на културата.
  • Поструктурализам глобализацископостесенцијалистичка фаза на културолошките студии. Деконструкција и Жак Дерида, Мишел Фуко: моќ/знаење, производство на знаење, тело, Жан Бодријар: хиперреалност и симулација,
  • Одлики на теоретскиот обрт кон популарното. Популарна култура. Критика на канонот. Вилијамс и дефинирање на одликите на популарното; Стратегии на отпорот и поимите елитна, популарна, народна, масовна и медиумска култура. Поткултури: Дик Хебдич. Славенички модел: Стратегии и тактики на секојдневниот живот: Мишел де Сарто и Пронаоѓање на секојдневното, Џон Фиск и семиотичкиот отпор, Пол Вилис и приземната естетика. Проблемите на вреднувањето.
  • Проширување на интересите на културолошките студии: Култури во движење. Феминзам, постколонијална теорија, култура и нација, културна политика, превенција и презервација на културното наследство, културата како место (хибридност, миграција и дијаспора, гранични култури, патувачки култури), културата и идентитетот, културата и глобализацијата.

Основна литература

Duda, Dean (2002) Kulturalni studiji. Ishodišta i problemi, Zagreb: AGM 

During Simon, Ed. (1993) The Cultural Studies Reader, London, New York: Routledge Линк до изданието

Storey John, Ed. (2006) Cultural Theory and Popular Culture: A Reader, London: Prentice Hall

Дополнителна литература

Ðorđević Jelena (2008) Studije kulture, Beograd: Službeni glasnik, 2008

Ziauddin Sardar, Van Loon Boris (1999) Introducing Cultural Studies, Icon Books, UK, Totem Books, USA Линк до изданието

Hartley John (2003) A Short History of Cultural Studies, SAGE Publications, London, New Delhi

 

Теми и методи во културолошките студии

Предметни наставници: проф. д-р Наташа Аврамовска и проф. д-р Мишел Павловски

Цели на предметот
Стекнување на знаења за основните теми на културолошките студии,
за плуралитетот на дискурзивните и критичките приоди и знаења поврзани со
процесите и појавите во современата култура.

Содржина на предметот
Преглед на разнообразната диференцираност во културолошките проследувања на:
    поединецот, субјектот и идентитетот во културата/културите;
    комуникациските практики и парадигми;
    диференцијацијата меѓу масовната и елитната култура.

Темелни тематски подрачја на културолошките студии:
    јазикот и културата;
    субјективитет и идентитет;
    етницитет, раса, нација;
    полова и родова репрезентација;
    медиумска и мрежна култура;
    културен простор: градска и урбана култура;
    политичките аспекти во културата и културна политика.

Темелни методи во културолошките студии:
    текстуална анализа на вербалните, визуелните, звучните и др. текстови;
    теориска спекулација, критика и деконструкција;
    анализа на дискурсот, социјалносемиотичко и херменевтичко читање на културните
    знаци/симболи, кодови и текстови;
    расчленување на репрезентацијата (претстави, стереотипи, дискурси на „другоста“);
    наратолошко расчленување на големите културни нарации и декодирање на одделни елементи.

Основна литература
Lewis, J. Cultural studies: The Basics, Sage Publications, 2008
Barker, C. The Sage Dictionary of Cultural Studies, Sage Publications, 2004
Djordjevic, J. Studije kulture, S. Glasnik, 2008

Дополнителна литература
During, S. The Cultural Studies Reader, Routledge, 1999 Електронска верзија
Duda, D. Politka kulture, Zagreb, 2003
Hol, S. Nemi jezik, BIGZ, 1973

Византиско-културолошки студии

Предметни наставници: проф д-р Илија Велев, проф. д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот

Стекнување на знаења за континуитетот на културно-историскиот развој на просторот на Македонија, од антиката, преку ранохристијанскиот и средновековниот период, се до поствизантиската пројава на раното просветителство.

Содржина на предметот

  • Древномакедонскиот и византискиот цивилизациски систем на културно проникнување;
  • Феноменот Византија и нејзиниот културен идентитет; Византија и Македонија;
  • Христијанска цивилизација – ранохристијански и средновековни културни интроспекции;
  • Патристичката книжевност и творечките процеси низ византиско-македонските книжевни и културни врски;
  • Иконоборството;
  • Византиското културнотворечко клише;
  • Културни центри и значајни процеси;
  • Кирило-методиевските мисии и афирмацијата на словенската христијанска цивилизација;
  • Охридскиот духовен и книжевен центар како раскрсница на византиските и словенските културолошки спектри;
  • Света Гора – центар на градењето на една своевидна византиско-словенска цивилизација и култура;
  • Монашка духовност и мистично богословие;
  • Културните творечки модификации на мистицизмот и на схоластичниот рационализам во XIV век;
  • Византија по Византија;
  • Раните просветителски пројави во Македонија како предвесници на народните преродбенски будења.

Основна литература
Велев, Илија (2005, 2012) Византиско-македонски книжевни врски, второ електронско издание, Скопје
Дил, Шарл (1995) Историја византијског царства, Београд
Каждан, Александър и др. (2001, 2006) Византийската култура XI-XII век: Промени и тенденции, Велико Търново, Санкт Петербург, 2-ое изд.
Георгиева-Петковска, Вера (2001) Византиска филозофија, Скопје
Велев, Илија (2016) Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители, Скопје: УКИМ   
Јакимовска-Тошиќ, Маја (2013) Книжевни и културни модели во македонската средновековна литература, Скопје   

Дополнителна литература
Велев, Илија (2014) Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност, Скопје   
Шарл, Дил (2005)    Византијске слике, Београд   
Стивен, Мичел (2010) Историја позног Римског царства 284-641, Београд   
Заров, Иван К. (2003) Византиска естетика и средновековниот живопис во Македонија од XI и XII век, Скопје
Велев, Илија (1996) Македонскиот книжевен XIV век, Скопје
Јакимовска-Тошиќ, Маја (2001) Македонската книжевност во XV век, Скопје
Велев, Илија (2000) Средновековни книжевни антологии, Скопје   

Културни идентитети на Балканот

Предметни наставници: проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева, проф. д-р Валентина Миронска-Христовска

Цели на предметот

Стекнување знаења за теориите за идентитетот и за одредниците име, територија и граница на Балканот, за националниот идентитет во европски и балкански контекст, како и знаења за интеркултурност и мултикултурност на Балканот.

Содржина на предметот

  • Дефинирање на Балканот (име, територија, граница);
  • Балканот и проблемот на идентитетот (дефинирање и развој на поимот идентитет);
  • Идентитет и разлика (културни разлики на Балканот);
  • Појавата на национализмот;
  • Идејата за панславизам, чувството на припадност на Друг-Туѓ;
  • Балканска федерација;
  • Сликата на верскиот синдром во балканскиот свет;
  • Колективната меморија за историскиот идентитет;
  • Трансидентитетни појави и процеси (А. Македонски, Скендербег, И. Андриќ, интеркултурност, мултикултурност);
  • Идентитетот и јазикот;
  • Пол, род, сексуалност и идентитет;
  • Кризата на идентитетот во транзиција;
  • Идентитетот во услови на глобализација.

Основна литература
Woodwarard Kathryn (2002) Identity and difference, London: SAGE publications, 8-47
Мојсиева-Гушева Јасмина (2010) Во потрага по себеси, Скопје: Институт за македонска литература
Миронска-Христовска Валентина (2012) Литературни студии за македонскиот идентитет, Скопје: Институт за македонска литература

Дополнителна литература
Јелавич, Барбара (1999) Историја на Балканот  осумнаестти и деветнаесетти век, Скопје: Лист 
Тодорова, Марија (2001) Замислувајќи го Балканот, Скопје: Магор
Мазовер, Марк (2003) Балканот кратка историја, Скопје: Евро Балкан Пресс
 

Европски културолошки контекст

Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот

Да се овозможи ориентација на студентите во европските книжевни и културни вредности, вклучително и на македонската книжевност и култура; да се развие чувството за културна разноликост и почит кон разликите; да се прошират знаењата за книжевноста на европско тло, но не само преку читање одделни национални канонски дела, туку многу повеќе, преку супранационални и интердисциплинарни поврзувања.

Содржина на предметот

Посебни теми што го обработуваат европскиот контекст како културолошка, геопоетичка и компаративна парадигма со што ќе се надградат познавањата на кандидатите од областа на европската/европските култури.
Низ предавањата се зафаќаат голем број книжевни наслови и уметнички дела кои се контекстуализираат и поврзуваат во одделни проблемски целини, со полна свест дека не може да се постигне исцрпен преглед на материјалот кој се обработува.
При обработката се следат и се координираат интересите и личните афинитети на студентите.

Основна литература

приредувач Соња Стојменска-Елзесер Компаративна книжевност: хрестоматија, Скопје: Евро-Балкан Пресс: Менора, 2007

Curtius, E. R. Europska književnost i latinsko srednjovjekovlje, Zagreb 1971. str. 11-63.

Гиљермо де Торе Историја авангардних књижевности, Нови Сад: Издавачка књижарница Зорана Стојановиќа 2001

Дополнителна литература

Girc Kliford Tolkuvanje na kulturite, Skopje: Magor, 2007

Дига, Жак Културни живот у Европи: на прелазу из 19. у 20. век, Clio, Beograd 2007

Doležel, L. Poetike Zapada, Sarajevo 1991

Естетиката на културолошките студии

Предметен професор: д-р Африм Реџепи 

Цели на предметот

Стекнување на знаења за естетиката како хуманистичка дисциплина и за нејзиниот однос помеѓу човечката перцепција и уметноста, од една страна и општествениот код од друга страна. Стекнување на знаења за културните теории.

Развивање на разбирањето и експертско толкување (интерпретација) на уметничките дела (феноменологија / херменевтика, структурализам и постструктурализам)  и прашањата поврзани со човечката култура, како што се: Која е целта на уметноста? Зошто постојат уметнички форми, стилови, периоди? Како и зошто се менува современиот вкус и вкусот на секој слој.

Развивање на чувството за она што е вистинска вредност за учењето и опсервацијата, е прашањето за естетичката теорија и прашањето како уметноста и културата едуцираат и бидуваат интерактивни? Како овие прашања во различни епохи на цивилизацијата, функционираат?

Практикувањето на херменевтичкиот метод значи да се научат студентите херменевтички да ги читат текстот и сликата преку културниот контекст.

Содржина на предметот

Теориски пристапи на уметноста и културата.

Р. Вилијамс, Р. Фелски и др.

Естетската форма. Парадигми на естетската форма. Структурата на чинот на естетскиот суд. Културното обликување на човекот. Типологијата на Кант и Шилер.

Традиционалниот и авангардниот вкус. Класицизмот на германската естетика: Кант, Хегел и Шилер; Импресионизмот и постимпресионизмот (Сезан, Ван Гог и Гоген); експерименталната естетика (Фидлер и Вунт); естетиката и егзистенцијализмот (Хајдегер и Сартр); онтолошко – феноменолошката естетика (Хајдегер и Хартман); естетичката теорија (Адорно и Данто); Поп уметноста (Ворхол); Естетиката на Јозеф Бојс;

Текстот како енергија и сила (Делез). Релациската естетика. Естетиката и политиката (Ж. Рансјер). Естетиката и идеологијата (Т. Игелтон).

Основна литература 

Michael Berube. The aesthetics of cultural studies Blackwel, 2005

Zbornik radova Umjetnost i kultura, Beograd, 2008

Deleuze, Gilles, Francis Bacon. Continum, London, 1981

Дополнителна литература

Siler, Fridrih. Pisma o estetskom vaspitanju coveka, Kultura, Beograd, 1967

U. Eko. Istorija lepote i istorija ruznoce, Beograd, 2005/2007

Африм А. Реџепи. Потрага по хармонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2016