Одбранети докторски дисертации

6418c8a0-860d-44c9-b43d-5e45c9e46c84

1.    Валентина Поцеска: Современите филозофии на конзервација на културното наследство и нивното влијание во Македонија (27.8.2014)
       Mентор: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

2.    Тихомир Стојановски: Од обред до театар – процес на премин од религија и народна култура до современа уметност и театар (14.11.2014)
       Mентор: проф. д-р Александар Прокопиев

3.    Ана Младеновска-Георгиева: Владимир и Косара во книжевноста и во народната традиција (20.2.2017)
       Mентор: проф. д-р Илија Велев

4.    Александра Ристовска: Рецепцијата на визуелната уметност низ политичкиот дискурс (15.3.2017)
       Mентор: проф. д-р Александар Прокопиев

5.    Радомир Поповски: Улогата и влијанијата на дадаистичките културни и уметнички премостувања во Модерната и нивното натамошно значење (10.4.2017)
      Mентор: проф. д-р Александар Прокопиев

6.    Славчо Ковилоски: Македонското женско писмо во XIX век (10.5.2017)
       Mентор: проф. д-р Валентина Миронска-Христовска

7.    Биљана Рајчинова-Николова: Концептите на поимот идентитет во македонските печатени медиуми (3.7.2017)
       Mентор: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

8.    Стојче Тоциновски: Скулптурата во урбаниот простор врз примерот на Скопје (6.7.2017)
       Mентор: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

9.    Сарита Трајанова: Менаџментот на знаење во институциите од областа на културата (12.7.2018)
       Mентор: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева Коментор: проф. д-р Цветко Смилевски

10.    Маријана Клеменчич: Феминистичкото и постколонијално преиспишување на канонски наративи како форма на културен активизам (13.9.2018)
        Mентор: проф. д-р Соња Стојменска-Елзесер

11.    Дарин Ангеловски: Рецепцијата на античката литература во македонската културна средина (6.12.2018)
        Mентор: проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

12.    Наџи Селими: Културните фактори во процесот на учење јазик – истражување спроведено кај децата со македонско потекло во Швајцарија (28.1.2019)
        Mентор: проф. д-р Наташа Аврамовска

13.    Александра Кузман: Чалгиската музика како израз на македонската граѓанска култура и идентитет (4.3.2019)
        Mентор: проф. д-р Александар Прокопиев

14.    Глориа Фоссен: Постмодерната феминистичка танц-култура: телесноста во танцот (24.4.2019)
        Mентор: проф. д-р Ана Мартиноска

15.    Златко Поповски: Мартин Хајдегер и неговите антимодернистички пре-одредувања во уметноста и предзначувања на уметноста како излез од технонихилизмот (10.7.2019)
        Mентор: проф. д-р Александар Прокопиев

16.    Соња Јаќовска-Самарџиева: Магичниот реализам во македонскиот долгометражен игран филм (26.9.2019)
         Mентор: проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

17.    Ивана Дрогрешка: Влијанието на културната дипломатија врз светската безбедност на глобално ниво (4.10.2019)
         Mентор: проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

 

6418c8a0-860d-44c9-b43d-5e45c9e46c84

 

Diplomi3827-1

Важни информации за студентите!

Конкурс трет циклус (втор уписен рок)

Листата на слободни ментори за студиските програми Културолошки студии и Македонистика

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Пријавување на кандидатите14.12. – 21.12.2020
Објавување прелиминарни листи25.12.2020
Одлучување по приговори11.1.2021
Објавување конечни листи18.1.2021
Запишување на кандидатите 25.1. – 29.1.2021

Документите се доставуваат електронски, на следните е-меил адреси:
odd.nauka@ukim.edu.mk
skola_za_ds@ukim.edu.mk

Потребните документи преземете ги од линкот на УКИМ

Одлука за потврдување на конечната листа на примени кандидати на трет циклус студии, во академската 2020/2021 година (прв уписен рок)

ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА
на примени кандидати на студиската програма КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ, согласно Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2020/2021 година

Преземете Прелиминарна листа

ПРАВО НА ПРИГОВОР
Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во писмена форма до Советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлука во рок од 36 часа. На одлуката на Советот на студиската програма, кандидатот има право на жалба до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии. Одлуката на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии е конечна.

Годишни конференции на третиот циклус студии

Планирани термини
Конференција од IV семестар – последните две недели на ноември (16 – 27.11.2020)
Конференцијата од II семестар – средина на декември (9 – 23.12.2020).
Реализацијата на конференциите ќе се одвива целосно преку средствата за електронска комуникација.

Одбрана докторска дисертација

ноември 2020

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Татјана Миљовска јавно ќе ја брани докторската дисертација РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДУХОВНОТО ВО АПСТРАКТНОТО СЛИКАРСТВО.
Одбраната ќе се одржи на 10 ноември 2020 година (вторник) во 11.00 часот во Салата за седници на Институтот.

Continue reading

Заштита и афирмација на културното наследство

Предметни професори: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот
Запознавање со улогата и значењето на културното наследство како културна традиција и културна историја, истакнување на формите за унапредување на системите за неговата заштита и превенција од оттуѓување, мерките за обезбедување и евиденција, како и афирмацијата на културното наследство во функција на истакнување на културноисториските идентитети.
Градење претстава за безбедносен, заштитен, законодавно-правен и етички однос кон создавање услови за функционирање на ефикасна и функционална културна политика за заштита и афирмација на секое национално културно наследство.

Содржина на предметот

  • Културното наследство како културна меморија и културна традиција;
  • Културното наследство и современиот национален влог во глобалните културни прелевања меѓу народите;
  • Движно и недвижно културно наследство;
  • Форми на загрозување опстанокот на културното наследство;
  • Организиран криминал со културното наследство;
  • Заштита на културното наследство за време на кризи и воени конфликти;
  • Превенции за безбедност и заштита на сите видови културно наследство: археолошки локалитети, артефакти, духовни и културни споменици, иконографијата, ракописното писмено наследство, народната култура, и сл.;
  • Културната политика и односот кон културното наследство;
  • Домашната и меѓународната институционална поставеност и организираност за заштита на културното наследство;
  • Иматели на заштитени културни добра;
  • Законодавно-правниот аспект во однос на заштитата на културното наследство;
  • Едукација и менаџирање за заштитата на културното наследство;
  • Меѓународната соработка во склад со конвенциите за зголемување на безбедноста и превенцијата од оттуѓување на културното наследство;
  • Последици од оттуѓувањето на културното наследство и губење на културноисторискиот идентитет;
  • Афирмација на културното наследство како современо национално културно самопотврдување во глобалниот свет;
  • Дипломатијата и афирмацијата на културата и на културното наследство;

Напомена: Програмската содржина ќе се прилагодува и според потесниот дисциплинарен и тематски интерес на докторантите.

Основна литература
Чаусидис, Н. и група автори. 1995. Македонија. Културно наследство Скопје,Мисла.
Ристов, Ј. 2003. Споменичкото право во Македонија, Скопје, Култура и РЗЗСК
Салтировска, З. 2011. Заштита на културното наследство, Скопје, Филозофски факултет.
Група автори. 1998. Археолошкото богатство на Македонија и неговата заштита, Скопје, Фондација за култура на Македонија
Brguljan, V. 1985. Medjunarodni sistem zastite kulturnih i prirodnih dobara, Zagreb – Beograd, RZZSK.

Дополнителна литература
Аслимовски, П. 2000. Општествена заштита на културното наследство, Охрид.
Ристов, Ј. Диковски, М. и Илиевски, В. 2005. Избор на прописи за заштита на културното наследство, Скопје.
Малиш, М. Саздовски и група автори. 2010. Зборник: Заштита на културното наследство во Република Македонија, Скопје, Факултет за безбедност.
Танасковски, З. 2012. Заштита на иконите по македонските цркви и манастири, Скопје,Соларис Принт.
Поп-Атанасов, Ѓ. Велев, И. и Ј.Тошиќ, М. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје,Институт за македонска литература.
Велев, И., Макаријоска, Л. и Црвенковска, Е. 2008. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, Скопје, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

 

Академско пишување

Предметен професор: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева

Цели на предметот

  • да се усвојат нормите на академското пишување, со што студентите ќе се стекнат со квалификации за меѓународно објавување на научни трудови;
  • поврзување со знаењето од областа во која работат;
  • стекнување со можност да се учествува во конструирањето на знаењето од својата област.

Содржина на предметот
Предметот Академско пишување опфаќа три главни дела: Историја на знаењето, Реторика на знаењето и Стратегии и техники на академското писмо. Бидејќи воведувањето на овој предмет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ повеќе има прагматична цел, акцентот ќе биде ставен на третиот дел. Предметот е замислен како техничка помош во решавањето на конкретни задачи во процесот на научното истражување и во пишувањето на докторската дисертација. Оттука, акцентот ќе биде ставен на: стратегиите и техниките на академското пишување и тоа:

  • Пронаоѓање на научен проблем (Инвенција): Што е тема и седум правила за добар избор на тема; воочување на проблемот и поставување на истражувачки прашања, поставување на хипотеза и теза. Пронаоѓање на извори, работна библиографија, типови на читање и бележење, како се произведуваат вредни белешки за идната докторска теза? Правила за избегнување на плагијат.
  • Структура и делови на докторската теза (Диспозиција): Работен нацрт и работна верзија на текстот (Кога и како се почнува со пишување), Планирање на структурата (добар/лош план за структурата), делови на докторската дисертација: Наслов, Содржина, Вовед, Тело на текстот, Заклучок, Додатоци, Биографија и литература, Резиме, Клучни зборови
  • Пасуси и конектори (Аргументација): Што е аргумент, аргументациски модуси, аргументациски стратегии, Видови пасуси, Видови конектори.
  • Јазик и стил (Елокуција)
  • Цитирање и цитати (Меморија): Одлики и недостатоци на академското цитирање, парафразирање и парафрази, грешки во парафразирањето, скратување, Цитатни стилови, Вградување на цитатите во телото на текстот.
  • Завршни работи: прегледување, лектура и коректура, обликување и предавање на докторската дисертација.

Основна литература
Oraić Tolić, D. 2011. Akademsko pismo, Zagreb, Naklada Ljevak.
Панзова, В. 2003. Науката како занает.. Скопје: Филозофски факултет.
Becher, T. and Trowler, P. 2001. Academic Tribes and Territories: Intellectual Enquiry and the Culture of Disciplines, Buckingham: Open University Press

Дополнителна литература
Kouritzin, Sandra G., Nathalie A. C Piquemal, and Norman, R. Eds. 2009. Qualitative Research: Challenging the Orthodoxies in Standard Academic Discourse(s), New York: Routledge.
Booth, W. C., Colomb, G. G. and Williams, M. J. 2008. The Craft of Research, Chicago, University of Chicago Press.
Панзова, В. 2007. Прирачник за изработка на студентски трудови, Скопје, Филозофски факултет.

Бајката во културата

Предметен професор:д-р Наташа Аврамовска

Цели на предметот
Проследување на значењето и модификациите на бајката како еден од најраспространетите и највиталните жанрови т.е. феномени на културата. Усвојување на вештини за препознавање на секоја негова модификација како маркер на новата состојба на културата.

Содржина на предметот

  • Увод и запознавање со универзалната, митската структура на бајката, како споделено место на меморијата на различните култури и културни практики;
  • Преглед на различните дискурзивни приоди кон бајката: фолклористичкиот, литературниот, социолошкиот, психолошкиот, идеолошкиот, историскиот, феминистичкиот;
  • Проследување на различните функции на бајката во историјата на културата/културите во зависност од потребите на „мигот“:

      а) бајката и романтизмот
б) бајката и експресионизмот односно модерната
в) бајката и постмодернизмот

  • Бајката и психологијата
  • Бајката и популарната култура
  • Бајката и културниот маркетинг

Основна литература
Bottigheimer, R. 1986. Fairy Tales and Society: Illusion, Allusion and Paradigm, Philadelphia: University of Pennsylvania Press
Franz, M. L. von. 1996. An Introduction to the Interpretation of Fairy Tales, Shambhala Publications
Ugrešić, D. 2008. Baba Jaga je snjela jaje, Beograd, Geopoeika.

Дополнителна литература
Zipes, J. 1991. Fairy Tales and the Art of Subversion: The Classical Genre for Children and the Process of Civilization, Routledge.
Estes, C. P. 2007. Žene koje trče s vukovima, Zagreb, Algoritam.

 

Телото во културата

Предметен професор: д-р Наташа Аврамовска

Цели на предметот
Усвојување на основните претпоставки на поимањето на телото во различните култури и културни практики. Историскиот преглед и промислувањето на телото во културните практики на денешницата имаат за цел проблемски да ги осветлат поимањето, појавата и објавата на телото денес во разнообразните културни и општествени комуникации.

Содржина на предметот

  • Како конструкт на теоријата и оформено низ општествените и културни практики, телото, како стожерен поим на историјата на културниот материјализам, денес е предмет на бројни и во различни правци профилирани научни области: медицината, психологијата, социологијата, теоријата на литературата и уметностите, културолошките студии.
  • Предметот е замислен како увод во разнообразната културолошка проблематика на посматрање на телото во: историска перспектива, различните култури на истокот и западот и во различните профилации на интердискурзивните пронижаности на естетиката и теоријата на литературата и уметностите со другите дискурзивни практики: психологијата, социологијата, религијата, теориите на модернизмот, постмодернизмот и родовите теории.
  • Проблематиката на телото на посебен начин го поставува и проблемот на идентитетот па курсот е замислен како постојано одново редефинирање на проблематиката на идентитетот низ проследувањето на историјата на поимањето на телото.
  • Различните културолошки приоди во посматрањето на телото се аплицирани врз артефактите на  литературата и уметностите, при што и самото тело се посматра како артефакт во актуелните практики на културата и општеството.

Основна литература
Epštein, M. 2009. Filozofija tela, Beograd, Geopoetika
Featherstone, M. 1991. The Body: Social Process and Cultural Theory Theory, Culture &Society, SAGE: Publications

Дополнителна литература
Turner, B. S. 2008. The Body and Society SAGE: Publications
Paskvaloto, Đ. 2007. EstetikaPraznine (Umjetnost I meditacija u kulturama Istoka) Beograd, CLIO.

 

Урбана културологија

Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот
Предметот е насочен кон детектирање на спецификите на урбаниот феномен и согледување на неговиот потенцијал и неговото влијание врз општата сфера на културата.

Содржина на предметот

  • Феноменот на градот проблеснува како предмет на интерес на речиси сите хуманистички дисциплини: еминентно социолошки, историско-политички, егзистенцијално-прагматички, планско-архитектонски, географско-туристички, а исто така е присутен и во сите уметности…
  • Polis, urbs, civis, city – тоа не е само местото каде што живееме, тоа не се само куќи заштитени со градски бедеми и порти, туку тоа е и идејата за тоа како можеме и како сакаме да живееме. Урбаниот простор е синоним за цивилизација (civis), поредок, стил кој се модифицира и развива во духот на актуелното општествено уредување…
  • Културолошките аспекти на градскиот живот нудат безброј можности за нивно толкување со помош на книжевните и други уметнички дела, така што во рамките на овој предмет првенствено се предвидува анализа на феномените град и метропола како интеркултурни жаришта, како сокровишта на колективна меморија, како ткаежи на текстуалност (градот како текст – текстот како град), како перфомативни, идентитетски, виртуелни полигони… 

Основна литература
Edited by: Jenks, C. 2004. URBAN CULTURE: Critical Concepts in Literary and Cultural Studies Routledge
Williams, R. 1985. The Country and the City, London, Hogarth Press
De Certeau, M. 1984. Walking in the city in The Practice of Everyday Life, Berkeley: University of California Press

Дополнителна литература
Benjamin, W. 1973. Charles Baudelaire: A Lyric Poet in the Era of High Capitalism, London
Simmel, G. (Ed. Frisby). 1997. ‘The Metropolis and Mental Life’, in: Simmel on Culture, London
Lefebvre, H. 1974. Urbana revolucija, Beograd, Nolit

Култура и граници

Предметни професори: д-р СоњаСтојменскаЕлзесер и дрЈасминаМојсиеваГушева

Цели на предметот
Да се спознае актуелноста на проблемот на ограничувањето низ различните дисциплини, во физичка и апстрактна смисла, и да се толкува симболиката и практиката на границите сфатени и како меѓи, но и како рамки, како прекини на континуитетот и премини. Се стекнуваат познавања за проблематиката на студиите за границите, поетиките на границите и другите  импликации на границите: социолошки, политички, психолошки и тн.

Содржина на предметот
Промислување на концептот на границите
Граници/миграции:

    •  егзил, интеркултурни проникнувања преку границите, дијаспора,
    • коегзистенција, мултикултурализам
    • социо-економски разлики
    • култури на граница – Чикано движење
    • хибридни идентитети

Поетики на границите:

    • симболички граници
    • лиминалност (трето место)
    • временски граници
    • центар-периферија
    • етноскоп

Репрезентации на границите:

    • наративи за границата
    • културната оставнина на железната завеса
    • архитектонските гранични  градби
    • ЕУ како рамка – границата на еврото
    • виртуелни граници

Политички, психолошки, социолошки  импликации на границите

Основна литература
David Saldívar, Ј. 1997. Border matters: remapping American cultural studies, University of California Pres
C. Hawley, Ј. (ed.).1996. Cross- Addressing: Resistance Literature and Cultural Borders, New York: State University of New York Press
E. Johnson, D. and Michaelson, S. (Eds. 1997. Border theory, Minneapolis, MN: University of Minnesota
Stojmenska-Elzeser, S. 2010. The creative Topography of the Lake Ohrid Border Region,
Context 8, Skopje, IML

Дополнителна литература
Giroux, H. and McLaren, P. 1994. Between Borders: Pedagogy and the Politics of Cultural Studies New York: Routledge
Mojsieva-Gusheva, J. 2012. Changes in the Structure of Identities:Main Theme in Balkan‘s Contemporary Prose in Literary Dislocations, Skopje, Institute of Macedonian Literature
Conference proceedings, 2005. Forced Ethnic Migrations on the Balkans:Consequences and rebuildingof Societies, IMIR Sofia and Meiji University Tokyo

 

Еко-културни теории

Предметни професори: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева и д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот
Запознавање со поимот еко-етика; еколошко разбирање на светот кое ни отвора нови видици во етичката анализа на хуманото однесување  преку ускладувањето со природата; развивање на нова културолошка парадигма на човековата егзистенција; премин од доминантниот индустриски модел на живеење кон едно алтернативно однесување и творење кое инспирацијата ја црпи од природата, самоодржливоста и економијата базирана врз ресурси.
Стекнување увид во разновидни критички теории во кои се оформуваат различни идеи за односот на човекот и неговата околина, за надминувањето на антропоцентричноста, за зауздување на консумеризмот и профитерството и ублажување на еколошките кризи и проследување на културни појави во кои „природата“ и „околината“ добиваат длабоки симболички, политички и егзистенцијални конотации. 

Содржина на предметот
1.ТЕХНО-ЕКО-ЕТИЧКА КУЛТУРОЛОШКА ПАРАДИГМА

  • Потекло на моралот
  • Промена на вредносниот систем
  • Одржлив развој
  • Чисти и обновливи извори на енергија
  • Нехуманоста на монетарниот систем
  • Паметни системи и машинска интелигенција
  • Едукацијата како животен стил

2. ЕКО-КУЛТУРОЛОШКИ КРИТИЧКИ ТЕОРИИ

    • Еколошка мисла и екофилозофија (длабинска екологија)
    • Еко-критика
    • Енвироментална анализа на дискурси и медиуми
    • Енвироментално право
    • Енвироментална социологија
    • Натуркултура
    • Детериторијализација
    • Еко-политики и акции (Пармакултура)

Основна литература
Joseph R. De Jardin. 2006. Environmental ethics, Wadsworth, A Thomson Learning Company
Mојсиева-Гушева, Ј. 2010. The origin of moralityin Conteks/Контекс, стр.89-99, Скопје, ИМЛ
Fresco, Ј. 2002. The best that money can’t buy (beyond politics, poverty and war), Florida, Venus.
Beck, U. 1994. Ecological Enlightenment, New York: Humanities Press
Zimmerman, Michael E.1994. Contesting Earth’s Future: Radical Ecology and Postmodernity. Berkeley: University of California Press

Дополнителна литература
Attali, Ј. 2006. Une breve histoire de l’avenir, Libraire Artheme Fayard.
Fresco. Ј. 2003. Self – erecting Structures, Florida, Venus.
Meadows, R. and Fresco, Ј. 2001. Beyond Utopia  in Utopian Thinking in Sociology: Creating the Good Society pp.86–92, American Sociological Association

 

Културни идентитети

Предметен професор: д-р Јасмина Мојсиева-Гушева

Цели на предметот
Запознавање со поимот идентитет, неговиот развој и улога од антиката до современите општествени системи, лични и колективни модели на однесување и егзистенција.

Содржина на предметот

  • Проблемот на идентитетот (развојна историја на  поимот идентитет: културолошки и социолошки приод кон идентитетот, историскиот идентитет и колективната меморија, културни разлики/разновидности);
  • Идентитетот и културата на исхрана;
  • Идентитетот и јазикот;
  • Културниот идентитет и религијата;
  • Идентитетот  низ призмата на Другиот (Дијалог со Другиот);
  • Дијаспората и идентитетот;
  • Идентитетот и родот;
  • Кризата на идентитетот во транзиција;
  • Идентететот во услови на глобализација.

Основна литература
Mојсиева-Гушева, Ј. 2008. Симбиотички стратегии, Скопје, ИМЛ
Mојсиева-Гушева, Ј. 2010. Во потрага по себеси, Скопје, ИМЛ
Edited by Woodward, K. 2002. Identity and Difference, London, Califonia, New Delhi SAGE Publications.

Дополнителна литература
Група автори. 2002. Културен идентититет – разлика во себе , Скопје, Темплум
Castelells M. 2002. Moć identiteta, Zagreb, Golden marketing
Barry B. 2006. Kultura i jednakost, Zagreb, Naklada Jasenski i Turk.