Реализацијата на овој проект е започната од јануари 2018 година. Дигитална библиотека е веб-страница, која има за цел да ги презентира во електронска форма изданијата на Институтот за македонска литература во Скопје, пред сѐ ретките и исцрпени изданија (зборници) и да ги направи лесно достапни до заинтересираната јавност. Проектот има и долгорочна цел – во континуитет, да се надополнува со сите понови колективни изданија на Институтот.
Во Дигитална библиотека постои можност да се пребарува по име на автор, наслов на труд, клучни зборови и сл.

До Дигитална библиотека може да се поврзете од тука.