Предметeн професор: д-р Гоце Смилевски

Цели на предметот

Стекнување на знаења за различни видови на допирни феномени меѓу културите одредени како засебни ентитети, за критичкиот пристап на традиционалните разбирања на мултикултурните и интеркултурните поими, како и знаења кои овозможуваат увид во естетските и етичките аспекти на културолошката интеракција.

Содржина на предметот

  • Теориски дел: вовед во поимот на комуникацијата во културата, преку теориите на Умберто Еко и Јуриј Лотман.
  • Сфаќањата на Едвард Саид за егзилот.
  • Анализа на теоријата на културната глобализација и „модерноста во прав” според поставките на Арџун Ападураи.
  • Толкување на поставките за мултикултурализмот и транскултуралноста.
  • Примена на теоретските сознанија врз конкретни литературни дела во кои како мотив се јавува егзилот. 
  • Анализирани бинарните опозиции и интеркултурната комуникација во „Неподносливата леснотија на постоењето“ од Милан Кундера, јазикот и идентитетот во „Хотел Европа“ од Горан Стефановски и поврзаноста на музејот, фотографијата и меморијата во „Музеј на безусловното предавање“ од Дубравка Угрешиќ.

Основна литература

Њиши, Армандо, прир. (2006) Компаративна книжевност, ДККМ-Магор

Appadurai, Arjun (1996) Modernity at Large: Cultural Dimensions of Globalization University of Minnesota Press 

Кристева, Јулија (2005) Токати и фуги за другоста, Темплум

Дополнителна литература

Браидоти, Рози (2003) Номадски субјекти, Македонска книга

Њиши, Армандо (2004) Мала пролегомена на интеркултурната херменевтика, Спектар

Said, Edward (2002) Reflections on Exile, Harvard University Press