Предметни професори: проф. д-р Наташа Аврамовска, проф. д-р Валентина Миронска-Христовска

Цели на предметот 

Согледување на особената и продуктивна улога на едноставните книжевни облици или жанрите на усноста (легенда, предание, мит, загатка, изрека, бајка, виц) во современите литература, филм и култура. 

Проследување на средбата на жанрите на усноста, писменоста и електронската писменост со што се откриваат и толкуваат сите културни слоеви коишто партиципираат во комуникацијата на сегашноста и продукцијата на нови жанри – како твитот, на пример. 

Применување на едноставните книжевни жанри како особено продуктивна алатка за толкување на одделно книжевно дело како и за глобалните процеси во литературата и културата.

Содржина на предметот 

Поим за едноставни книжевни облици

Проследување / препознавање на трансформацијата на едноставните облици врз конкретни примери од современата литература (поезија, проза, драма)

Едноставните облици и дневниот печат

Едноставните облици и современиот филм

Едноставните облици и комуникацијата на социјалните мрежи

Основна литература

André Jolles (2000) Jednostavni oblici, Matica Hrvatska, Zagreb

Наташа Аврамовска (2000) Травестија на усната историја (раскажувачкиот криптограм на Петре М. Андреевски), Менора, Скопје

Валентина Миронска-Христовска (2000) Македонските преданија за места, Институт за македонска литература, Скопје

Дополнителна литература 

Ќулавкова, Катица (2016) „Реторика и поетика на твитот“, Спектар, бр. 68/2016, Институт за македонска литература, Скопје, стр. 149-162.

Zipes, Jack (1983) Fairy Tales and the Art of Subversion: The Classical Genre for Children and the Process of Civilization, London: Heinemann, and New York: Wildman Press