Предметен професор: д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот

Стекнување на интердисциплинарни знаења за концептот на народната култура и особено знаења за македонската народна култура; 

Усвојување на знаења за значајните карактеристики на народната култура, нејзиниот историјат и жанри;

Проследување на релациите на народната култура со современите културолошки концепти (идентитет, популарна и масовна култура, глобализација, мас-медиуми итн.). 

Содржина на предметот 

Дефинирање на терминот на народната култура и сродните термини: традиција, народно творештво, фолклор, усна литература и др. Разгледување на концептот во рамките на неколку теоретски дисциплини и интердисциплинарни подрачја (културолошки студии, фолклористика, етнологија, културна антропологија, социологија, историја на литературата и сл.)

Проучување на народната култура низ историјата (како систем на мислење и однесување на поединците и колективите), со посебен акцент на историјата на македонската народна култура

Значајни карактеристики на народната култура (усност наспрема писменост, анонимност, ритуалност, варијантност, формулност, импровизација…)

Жанри на народната култура (народни песни, приказни, куси жанри, обичаи, верувања, баења итн.)

Истражување на односот на народната култура и митологијата/религијата.

Истражување на односот на народната култура и националниот/етничкиот идентитет (национална монокултура, малцинска култура)

Истражување на односот на народната култура наспрема популарната и масовна култура (култура од народот и култура за народот)

Истражување на прашање за автентичност на народната култура во ерата на глобализацијата 

Анализа на начините на употреба и злоупотреба на народната култура (во мас-медиумите, современата уметност, туризмот, политиката, идеологијата и др.) 

Основна литература

Кирил Пенушлиски (1999) Македонски фолклор – историски преглед, Матица македонска, Скопје 

Ана Мартиноска (2014) Културни парадокси (Родот, етницитетот и идентитетот во фолклорот и литературата), Институт за македонска литература, Скопје 

Richard Bauman (1992) ed. Folklore, Cultural Performances, and Popular Entertainments: A Communications-Centered Handbook, Oxford University 

Дополнителна литература 

Thomas A. Green (1997) ed. Folklore: an encyclopedia of beliefs, customs, tales, music, and art, Santa Barbara, California Denver, Colorado Oxford, England 

Кирил Пенушлиски (2003) Македонски фолклор – Студии и прилози, Матица македонска, Скопје

Марко Китевски (2014) Историја на македонскиот фолклор, Гирланда, Скопје

Ана Мартиноска (2008) Митот и ритуалот во македонскиот фолклор – релации и проникнувања, Институт за македонска литература, Скопје