Предметен професор: д-р Мишел Павловски

Цели на предметот 

Критичко разбирање на медиумите преку ангажирање со медиумски производи и концепти и преку креативна примена на практични вештини.

Стекнување знаења за: методологијата на истражување на медиумите, релациите меѓу општеството и медиумите, практикувањето на главните новинарски жанри.

Демонстрирање на знаење и разбирање на медиските концепти, контексти и критички дебати, исправно користејќи ја терминологијата.

Применување знаење и покажување како медиумите креираат значења.

Содржина на предметот 

Курсот преку интердисциплинарен, компаративен и историски пристап широко го дефинира терминот „медиуми“, вклучувајќи орални, печатени, театарски, фотографски, емитувачки, филмски и дигитални културни форми и практики. Курсот ја разгледува природата на посредуваната комуникација, функциите на медиумите, историјата на трансформациите во медиумите и институциите кои помагаат да се дефинира местото на медиумите во општеството. За време на курсот се истражуваат различни теоретски перспективи за улогата и моќта на медиумите во општеството и за влијанието на медиумите на нашите општествени вредности, политички убедувања, идентитети и однесувања. Студентите анализираат одредени медиски текстови, особено измените кои настануваат кога одреден наратив се трансформира од печатена во визуелна форма во различни временски периоди. Се истражува и начинот на кој динамиката на класата, родот или генерацијата влијае на продукцијата и рецепцијата на медиумите. Дел од курсот е посветен на основните жанри во новинарството (вест, коментар, репортажа, интервју, осврт итн.)

Основна литература

Мишел Павловски Интерна скрипта

Durham, Meenakshi Gigi; Kellner, Douglas (2006) Media and cultural studies Blackwell

Hassan, Robert; Thomas, Julian (2006) The New media theory reader Open University Press

Дополнителна литература 

Davies, Máire Messenger; Mosdell, Nick (2006) Practical research methods for media and cultural studies, University of Georgia Press