Предметни професори: проф.д-р Соња Стојменска-Елзесер, проф. д-р Ана Мартиноска

Цели на предметот 

Интердисциплинарно проучување на феноменот на сексуалноста и нејзините психолошки, политички, социјални и културни импликации во современото општество. 

Проширување на сознанијата за сексуалноста во уметностите и современите медиуми и поттикнување критичко промислување на контроверзиите околу сексуалноста во општеството.

Разбирање на сексуалноста како социјална и културна практика, промислување на категориите на сексуалноста и сензибилизирање на дискурсот за сексуалноста во јавноста.

Содржина на предметот 

Историја на сексуалноста (од антика, преку христијанските теолошки расправи и 19-вековни прохибиции, до современоста) и историја на проучувањата на сексуалноста (во различни науки – антропологија, социологија, медицина, психологија, родови студии, студии за сексуалноста, квир-теорија. 

Теорија на сексуалноста (Фројд, Фуко и др.) 

Конструкција/деконструкција на сексуалните идентитети, ориентација и разлики. (Маргинализирани и стигматизирани идентитети. Сексуалноста, родот и телесноста. Третман на машката и женската сексуалност. Не-бинарни концепти.)

Контроверзии околу сексуалноста во современото општество (Сексуалноста и моќта. Сексуалноста и насилството: патријархални предрасуди, фобии, дискриминација, механизми на маргинализација и сл.) 

(Зло)употреба на сексуалноста во пазарно ориентираното општество. 

Репрезентација на сексуалноста во уметноста (Еротика наспроти порнографија) Репрезентација на сексуалноста во популарната култура и медиумите 

Сексуалноста и возраста, здравјето, религијата, етницитетот, националноста итн. 

Третманот на сексуалноста во македонското општество. 

Основна литература

Parker, R. & Aggleton, P. (2007) Culture, society and sexuality: A reader (2nd ed.), New York: Routledge.

Dragana Todorovic (2011) „Rod i seksualnost“, vo Uvod u rodne teorije, Ivana Milojevic, Slobodanka Markov ur. Univerzitet u Novom Sadu, Centar za rodne studije, ACIMSI, Mediterran Publishing, Novi Sad, str. 347-357

Мишел Фуко (2003) Историја на сексуалноста, Скопје: Три

Дополнителна литература 

Соња Стојменска-Елзесер, приредувач (2006) Гризни го јаболкото – Антологија на македонската еротска проза, Магор, Скопје

Ана Мартиноска (предговор и избор) (2007) Голиот на гости – Антологија на македонскиот еротски фолклор, МИ-АН, Скопје