IML4

Институтот за македонска литература – Скопје во рамките на своите годишни програми и програмите за одбележување годишнини на значајни настани и истакнати личности на Собранието на Република Македонија досега бил носител на бројни научни собири и симпозиуми со кои се одбележани значајни автори и дела од трајна вредност во традицијата и континуитетот на македонската литература. На научните собири зеле учество поголем број еминентни научници од универзитетските центри во странство, со што Институтот се отвора кон светот, ги следи најновите истражувачки резултати и воспоставува меѓународна научна соработка. Презентираните научни трудови се публикуваат во зборници, кои претставуваат придонес за нашата книжевна наука.

 

IML3

Институтот за македонска литература активно учествува на меѓународните научни конференции, летната школа и другите содржини во рамките на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој во организација на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, секоја година, во текот на јуни-јули се одржува во Охрид, Република Македонија.

80.

Конференција од проектот Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопско
пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“, Скопје, 16 септември 2020

79.

Симпозиум од проектот Урбани културни идентитети – Скопје и Истанбул
Истанбулски универзитет, Истанбул, 13 до 15 ноември 2019

78.

Работилница од проектот Македонскиот и српскиот роман на преминот на новиот милениум
Институт за книжевност и уметност во Белград, 23 и 24 октомври 2019

 

77.

Трибина Хип хоп култура (40 години уметнички перформанс)
Институт за македонска литература, 8 мај 2019

76.

Конференција на тема Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско, проект од областа на културата од интерес на Град Скопје
Институт за македонска литература, Марков манастир, 11 и 12 април 2019

75.

Промоцијата на книгата Културна фабрика (Огледи за родот, градот и популарната култура) од Ана Мартиноска
МКЦ клуб ресторан, Скопје, 9 април 2019

74.

Промоцијата на заедничката македонско-словачка монографија Culture in Transition Countries
Ректорат на УКИМ, 15 февруари 2019

73.

Одбележување 90 години од раѓањето на Миодраг Друговац (1928)
ИМЛ, Скопје,  28 декември 2018

72.

Работилница Мојот есеј со ученици од сите седум основни училишта на подрачјето на општина Центар
Доделување на наградите на 10 декември 2018 во општина Центар

71.

Меѓународен научен собир со дебата Културата на распродажба: Конзумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти
Институт за македонска литература, Скопје, 28 и 29 ноември 2018

70.

Промоција на книгата Adnan Čirgić: Crnogorska usmena tužbalica / Црногорска усна тажаленка, Денови на  црногорската култура во Македонија
Институт за македонска литература, Скопје, 18 мај 2018

69.

Промоција на книгата Ljudmil Spasov: Duboki slojevi sjećanja (razgоvori sa Vladom Urošеvićem) / Људмил Спасов: Рудните слоеви на сеќавањето (разговори со Влада Урошевиќ)
Институт за македонска литература, Скопје, 11 мај 2018

68.

Научен собир Блаже Конески – 70 години од првата стихозбирка „Земјата и љубовта“ и 25 години од неговата смрт
Институт за македонска литература, Скопје, 25 април 2018

67.

Одбележување на Светскиот ден на поезијата
читалница „Славко Јаневски“, 21 март 2018

66.

Трибина: Критиката – актуелни аспекти
Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 23 февруари 2018)

65.

V Меѓународен научeн собир Хрватско-македонски книжевни, јазични и културни врски (Međunarodni znanstveni skup Hrvatsko-makedonski književne, jezične i kulturne veze 5)
Филозофски факултет при Универзитетот во Риека, 6 и 7 октомври 2017

64.

Промоција на Зборникот Критика и молк: читање на македонската литература и култура
Институт за македонска литература, Скопје, 28 декември 2017

63.

Промоција на книгата Македонистички погледи од Драги Стефанија, издание на НУ Завод и Музеј, Охрид
Институт за македонска литература, Скопје, 11 април 2017

62.

Промоција на Зборникот Македонско-словaчки книжевни, културни и јазични врски. Macedónsko-slovenské literárne, kultúrne a jazykové vzťahy. Macedoninan-slovak literary, cultural and linguistic relations. II
Ректорат на УКИМ, 24 април 2017

61.

Промоција на зборникот Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола
Институт за македонска литература, Скопје, 22 декември 2016

60.

Меѓународна научна конференција Критика и молк: читање на македонската литература и култура – по повод 35-годишниот јубилеј на Институтот
МАНУ, Скопје, 7 и 8 ноември 2016

59.

Научен собир 110 години од раѓањето на Антон Панов – со Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица
Струмица, 9 мај 2016

58.

Промоција на научните изданија на Институтот за македонска литература, објавени во 2015
Матица Ексклузив, 28 декември 2015

57.

Книжевниот опус на Живко Чинго (по повод 80 години од раѓањето на писателот)
Друштво на писателите на Македонија, 29 октомври 2015

56.

Втор меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски
МАНУ, Скопје, 2 – 3 јули 2015

55.

Книжевниот опус на Славко Јаневски (по повод 95 години од раѓањето на писателот)
Друштво на писателите на Македонија, 29 април 2015

54.

Промоција на Антологија на македонската книжевност. Книжевни остварувања од IX до XXI век
Друштво на писателите на Македонија, 24 декември 2014

53.

International Scientific Conference Popular Culture: Reading From Below / Популарна култура: поглед одоздола
МАНУ, Скопје, 3-4 ноември 2014

52.

Чествување за Анте Поповски и Димитар Солев
Друштво на писателите на Македонија, 11 декември 2013

51.

I меѓународен научен собир Македонско-словачки книжевни, културни и јазични врски
Нитра, Р. Словачка, 28 и 29 ноември 2013

50.

IV Меѓународен научен собир Македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски
Охрид, Конгресен центар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 27 – 29 септември 2013

49.

Промоција на мултимедијалниот ЦД-ром Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година од Илија Велев
Св. Јован Крстител – Бигорски манастир, 29 мај 2013

48.

Промоција на зборникот Literary Dislocations / Deplacements Litteraires / Книжевни дислокации од 4-th International REELC/ENCLS Congress, Edited by Sonja Stojmenska-Elzeser and Vladimir Martinovski
Младински културен центар во Скопје, 24 декември 2012

47.

Промоција на книгата Македонско-словачки компаративни согледби од Звонко Танески, издание на ИМЛ за 2012
Амбасадата на Р Словачка во Р Македонија, 11 септември 2012

46.

Свечен собир по повод 100 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 28 ноември 2012

45.

Меѓународен научен симпозиум: Блаже Конески и македонскиот јазик, литература и култура, во заедничка организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и Институтот за македонска литература
Филолошки факултет „Блаже Конески”, Скопје, 15-16 декември 2011

44.

Меѓународен научен собир во чест на 30-годишниот јубилеј на Институтот за македонска литература – Скопје: Макeдонскиот идентитет: литература, јазик, историја, култура
Ректорат на УКИМ, Скопје, 7 и 8 ноември 2011

43.

Четврт меѓународен конгрес на Европската мрежа за компаративни студии
Тема: Книжевни дислокации / Literary Dislocations / Déplacements littéraires
Организатори: Институт за македонска литература во соработка со Друштвото за компаративна книжевност на Македонија и со REELC-ENCLS (Европската мрежа за компаративна книжевност)
Скопје-Охрид , 1-3 септември 2011

42.

Интернационален форум: Падот на Берлинскиот ѕид низ призмата на романот „Осмото светско чудо” од Јордан Плевнеш – во соработка со Македонската академија на науките и уметностите и Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА
Кинотеката на Македонија, Скопје, 20 и 21 ноември 2009

41.

Тркалезна маса: Меѓусебната рецепција на словенечката и македонската литература – при остварена работна посета на Институтот од група писатели и книжевници од Љубљана, Р. Словенија
Институт за македонска литература, Скопје, 12 ноември 2009

40.

Промоција на Јавнопис од акад. Гане Тодоровски
Институт за македонска литература, Скопје, 7 октомври 2009

39.

Свечен собир: 125 години од раѓањето на Арсениј Јовков – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 23 декември 2009

38.

Свечен собир: 100 години од раѓањето на Никола Вапцаров – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 17 декември 2009

37.

Трибина: 70 години од печатењето на збирката „Бели мугри” од Кочо Рацин – во соработка со општина Велес во рамките на 46-тите Рацинови средби
Велес, 11 јуни 2009

36.

Манифестација Филмскиот воз „Кочо Рацин” по повод Сто години од раѓањето на великанот на македонската книжевност Кочо Рацин 1908-2008 – во заедничка организација со Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, општина Велес, Македонски железници, Министерство за култура, Македонската академија на науките и уметностите, НУБ „Св. Климент Охридски”, Македонски центар за фотографија и Друштвото на писателите на Македонија.
Скопје – Велес, 18 декември 2008

35.

Меѓународен македонистички собир – во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик, во заедничка организација со Филолошкиот факултет „Блаже Конески”, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 29 август – 1 септември 2008

34.

Трибина: Македонскиот јазик и литературното творештво – во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 13 мај 2008

33.

Презентација на Македонската литературна база на податоци – во рамките на манифестацијата 2008 Година на македонскиот јазик
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 27 март 2008

32.

Научен собир, по повод државниот празник „Св. Кирил и Методиј” Ден на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј и македонската културно-историска афирмација – во заедничка организација со Министерството за образование и наука и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”
НУБ „Св. Климент Охридски”, Скопје, 24 мај 2007

31.

Промоција на Филолошки студии 4/2006 – во рамките на работната посета на Институтот од страна на деканот на Пермскиот државен универзитет и членовите на Редакцијата од Руската федерација
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, 25 април 2007

30.

Меѓународна научна конференција: Српско-македонски културни и книжевни врски – во заедничка организација со Центарот за научни истражувања при САНУ, Отсекот за книжевност при Универзитетот во Ниш и Учителскиот факултет во Врање
Универзитет во Ниш, Р. Србија, 15 – 17 ноември 2007

29.

Втор меѓународен научен собир: Македонско-хрватски книжевни и културни врски – во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека
Конгресен центар на УКИМ, Охрид, 10 и 11 октомври 2007

28.

Меѓународен научен симпозиум: Развојот на македонската литература – по повод 25 години од основањето на Институтот за македонска литература – Скопје
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, 25-26 октомври 2006

27.

Прв меѓународен научен собир: Хрватско-македонски книжевни и културни врски – во заедничка организација со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека
Ректорат на Универзитетот во Риека, Хрватска, 26 и 27 септември 2006

26.

Научен собир: Антон Панов (100 години од раѓањето) – во заедничка организација со Друштвото на писателите на Македонија
ДПМ, Скопје, 4 мај 2006

25.

Меѓународен научен симпозиум: Македонскиот расказ
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, 12-13 мај 2005

24.

Научен собир: Стерјо Спасе (90 години од раѓањето)
Филолошки факултет „Блаже Конески”, Скопје, 14 декември 2004

23.

Научен собир: Рајко Жинзифов (165 години од раѓањето)
Градска библиотека „Браќа Миладиновци”, Скопје, 12 ноември 2004

22.

Научен собир: Коста Абраш (125 години од раѓањето)
Дом на културата „Григор Прличев”, Охрид, 8 јуни 2004

21.

Меѓународен научен собир: Делото на Крсте Мисирков – во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков”, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков”, Институтот за старословенска култура и Филолошкиот факултет „Блаже Конески”
МАНУ, Скопје, 27-29 ноември 2003

20.

Меѓународен научен собир: Животот и делото на Ацо Шопов – во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите, Филолошкиот факултет „Блаже Конески” и Друштвото на писателите на Македонија
МАНУ, Скопје, 5 и 6 ноември 2003

19.

Научен собир: Творештвото на Васил Иљоски
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 25 декември 2002

18.

Научен собир: Јордан Хаџи Константинов Џинот (120 години од смртта)
НУБ „Св. Климент Охридски”, Скопје, 17 октомври 2002

17.

Меѓународен научен собир: 50 години македонски роман
Друштво на писателите на Македонија, Скопје, 28 и 29 ноември 2002

16.

Научен симпозиум: Димитрија и Константин Миладиновци
Дом на АРМ, Скопје, 13 и 14 јуни 2002

15.

Научен собир: Творештвото на Стале Попов
Прилеп, 9 мај 2002

14.

Научен собир: Осумдесет години од раѓањето на Блаже Конески во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје
МАНУ, Скопје, 20 декември 2001

13.

Научен собир: 60 години од смртта на Коле Неделковски
НУБ „Св. Климент Охридски”, Скопје, 6 декември 2001

12.

Научен симпозиум: Деведесет години од раѓањето на Ѓорѓи Абаџиев
Дојран, 4-5 октомври 2001

11.

Свечен собир по повод 140 годишнината од излегувањето на Зборникот на браќата Миладиновци – во заедничка организација со Македонската академија на науките и уметностите и Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје
МАНУ, Скопје, 20 јуни 2001

10.

Свечен собир по повод 20 години од формирањето на Институтот за македонска литература – Скопје
Ректорат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, 14 јуни 2001

9.

Научен собир: Партениј Зографски – живот и дело (125 години од смртта)
МАНУ, Скопје, 4 април 2001

8.

Научен симпозиум: Војдан Поп Георгиев-Чернодрински – живот и дело
Струга, 2-4 јуни 2000

7.

Научен собир: Сто години од раѓањето на Ристо Крле
Скопје, 20 септември 2000

6.

Научен собир: Деведесет години од раѓањето на Никола Вапцаров
НУБ “Св. Климент Охридски”, Скопје, 9 декември 1999

5.

Научен собир: Шеесет години од излегувањето на збирката “Бели Мугри” од Кочо Рацин
МАНУ, Скопје, 30 ноември 1999

4.

Научен симпозиум: Творештвото на Владо Малески
Струга, 20-22 мај 1998

3.

Научен симпозиум: Феноменот ЉУБОВ во балканските литератури и култури
Молика, 23-26 април 1998

2.

Научен симпозиум: Ристо Крле – живот и дело
Струга, 31 мај – 1 јуни 1996

1.

Научен симпозиум: Творештвото на Ацо Шопов (70 – годишнина од раѓањето на поетот)
Филолошкиот факултет-Скопје, 13 мај 1993