Конкурс трет циклус (втор уписен рок)

Листата на слободни ментори за студиските програми Културолошки студии и Македонистика

Рокови за пријавување и запишување на кандидатите

Пријавување на кандидатите14.12. – 21.12.2020
Објавување прелиминарни листи25.12.2020
Одлучување по приговори11.1.2021
Објавување конечни листи18.1.2021
Запишување на кандидатите 25.1. – 29.1.2021

Документите се доставуваат електронски, на следните е-меил адреси:
odd.nauka@ukim.edu.mk
skola_za_ds@ukim.edu.mk

Потребните документи преземете ги од линкот на УКИМ

Одлука за потврдување на конечната листа на примени кандидати на трет циклус студии, во академската 2020/2021 година (прв уписен рок)

ПРЕЛИМИНАРНА ЛИСТА
на примени кандидати на студиската програма КУЛТУРОЛОШКИ СТУДИИ, согласно Конкурсот за запишување студенти на трет циклус – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во академската 2020/2021 година

Преземете Прелиминарна листа

ПРАВО НА ПРИГОВОР
Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во писмена форма до Советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлука во рок од 36 часа. На одлуката на Советот на студиската програма, кандидатот има право на жалба до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии. Одлуката на Универзитетскиот стручен совет за докторски студии е конечна.

Годишни конференции на третиот циклус студии

Планирани термини
Конференција од IV семестар – последните две недели на ноември (16 – 27.11.2020)
Конференцијата од II семестар – средина на декември (9 – 23.12.2020).
Реализацијата на конференциите ќе се одвива целосно преку средствата за електронска комуникација.

Одбрана докторска дисертација

ноември 2020

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Татјана Миљовска јавно ќе ја брани докторската дисертација РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ДУХОВНОТО ВО АПСТРАКТНОТО СЛИКАРСТВО.
Одбраната ќе се одржи на 10 ноември 2020 година (вторник) во 11.00 часот во Салата за седници на Институтот.

Уписи

Почитувани,
Во тек е запишувањето на студенти на втор и трет циклус – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2020/2021 година.

Трет циклус – докторски студии

Рокот за запишување на третиот циклус – докторски студии е продолжен заклучно со 15.10.2020 година.

Листата на ментори ќе се дополнува со нови акредитирани ментори и со ментори на кои им се ослободува место за студенти на трет циклус студии. Соодветно на тоа, во рамките на роковите за пријавување, ќе се зголемува и бројот на слободните места за запишување нови студенти.

Документите за пријавување, скенирани во pdf форма (согласно објавениот Конкурс) се испраќаат на овие две електронски адреси:
odd.nauka@ukim.edu.mk
skola_za_ds@ukim.edu.mk

Пријавите од секој кандидат ќе бидат испечатени и заверени со архивски број во Ректоратот на УКИМ, а потоа сите документи ќе бидат препратени до соодветната студиска програма (раководителот и администрацијата на таа студиска програма), по електронски пат.
Повеќе информации на веб-страницата на УКИМ

Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

Студиска програмаБрој на студентиИзнос за студирање (во евра)
 Културолошки студии144500
Македонистика – Македонска книжевност454500

Рокови

Пријавување 14 септември – 15 октомври
Објавување прелиминарна листа  
  22 октомври
Одлучување по приговори 30 октомври
Објавување конечна листа 6 ноември
Запишување 9 – 13 ноември

Линк до Конкурсот за трет циклус

Водич низ студиите

Втор циклус

Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје е застапен со следниве студиски програми.

Студиска програмаБрој на студентиИзнос за студирање (во евра)
 Културолошки студии (во книжевноста) – едногодишни
601400
Културолошки студии (во книжевноста) – двегодишни601900

Рокови

Пријавување30 септември – 15 октомври 2020
Запишување20 – 23 октомври 2020

Линк до Конкурсот за втор циклус

Водич низ студиите

 

Одбрани на магистерски труд

јули 2020

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Катерина Димитровска јавно ќе го брани магистерскиот труд ДА ВИНЧИ И МИКЕЛАНЏЕЛО – ГЕНИЈОТ И РЕНЕСАНСАТА.

Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 29 jули 2020 година (среда), со почеток во 11.00 часот во салата за седници на Институтот.

—————————–

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека кандидатката Марина Блажеска-Коцевска јавно ќе го брани магистерскиот труд РЕЖИМИТЕ НА МОЌ ВО УМЕТНИЧКИОТ СВЕТ НА ДОСТОЕВСКИ.

Одбраната на магистерскиот труд ќе се одржи на 10 jули 2020 година (петок), со почеток во 10.00 часот преку видео-конференциската платформа ZOOM.

За следење на одбраната пишете на iml.kult@gmail.com

 

Протокол за спроведување на испити со физичко присуство

При спроведување на испитите со физичко присуство, Институтот за македонска литература постапува согласно Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи во РС Македонија, односно единиците во состав на истите, при изведување на испитите („Сл. весник на РС Македонија бр. 140/2020)

Линк до Протоколот при изведување на испитите

 


Почитувани студенти,
Врз основа на заклучоците на Владата на РС Македонија од 10.3.2020, препораките на Министерството за образование и наука (бр. 14-3812/1 од 11.3.2020) и известувањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (бр. 03-415/1 од 10.3.2020) во рамки на системот за заштита на јавното здравје поради ризикот од ширење на корона вирусот, ве известуваме дека се запира наставниот процес на студиите од втор и трет циклус во Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, почнувајќи од 11.3.2020 година. Тоа значи дека студентите нема да посетуваат настава и консултации во просториите на Институтот и тие ќе се спроведуваат исклучиво по електронски пат (електронска пошта, испраќање на PowerPoint презентации, користење на одредена платформа за далечинско учење или друга форма на е-комуникација, по избор на професорот и студентите).

Ако имате потреба од потврда, консултација или друго поврзано со студиите пишете на институтските е-адреси

iml.kult@gmail.com, maclit@iml.edu.mk или на е-адресите на предметните професори.


 

Уписи

Почитувани,

Во тек е запишување студенти на втор циклус студии на студиската програма Културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во вториот рок во учебната 2019/2020 година.

Пријавување на кандидатите: 8 јануари – 2 март 2020

Запишување на кандидатите: 3 – 5 март 2020


 

Прелиминарна листа на примени кандидати на докторски студии – трет циклус студии

Советот на студиската програма Културолошки студии на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на седницата одржана 3.10.2019 утврди прелиминарна листа на примени кандидати.

Погледнете Прелиминарна листа

Ден на објавување 4.10.2019

Кандидатите имаат право на приговор по листата во рок од 36 часа. Приговорот се поднесува во писмена форма до Советот на студиската програма. Советот на студиската програма донесува конечна одлука во рок од 36 часа.

На oдлуката на Советот на студиската програма, кандидатот има право на жалба до Универзитетскиот стручен совет за докторски студии. Одлуката на  Универзитетскиот стручен совет за докторски студии е конечна.    


 

Одбрани на докторска дисертација / магистерски труд

октомври 2019

Институтот за македонска литература во Скопје соопштува дека м-р Ивана Дрогрешка јавно ќе ја брани докторската дисертација „Влијанието на културната дипломатија врз светската безбедност на глобално ниво“.
Одбраната ќе се одржи на 4 октомври 2019 година (петок) во 11.00 часот во Салата за седници на Институтот.


Уписи

Почитувани,

Објавени се конкурсите за запишување студенти на втор циклус и трет циклус – докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за учебната 2019/2020 година. Во овие конкурси се опфатени студиските програми за магистерски и докторски културолошки студии на Институтот за македонска литература при УКИМ во Скопје.

Студиската програма културолошки студии на вториот циклус е соодветна за кандидати од различни дисциплини, овозможувајќи проучување на културата во најширок интер/мултидисциплинарен контекст и од сите аспекти на општественото живеење. Преку широката лепеза на изборни предмети кандидатите учествуваат во креирањето на програмата и напредувањето според сопствените афинитети.

Рокот за пријавување е од 10 септември до 25 октомври 2019 година.

Решение за акредитација едногодишни студии

Решение за акредитација двегодишни студии


Докторските културолошки студии се изведуваат во текот на три академски години. Наставата се одвива во текот на два семестри во кои се стекнуваат знаења во Школата за докторски студии на УКИМ и од наставата по 4 стручни предмети на Институтот. Во рамките на овие два семестри предвидена е и менторска работа. Третиот семестар е предвиден за пријава на докторската дисертација, а наредните три (четврти, петти и шести семестар) за истражување и нејзина изработка. Менторската работа ќе биде во тесна корелација со изработката на докторската дисертација, односно ќе ги воведе кандидатите во специфичната методологија на научно-истражувачката работа поврзана со темата на дисертацијата. Во сите три години се предвидени полугодишни и годишни конференции, а во втората и третата година и по една научна работилница.

Рокот за пријавување е од 12 до 27 септември 2019 година.

Решение за акредитација трет циклус студии

Решение за почеток со работа втор и трет циклус