Заштита и афирмација на културното наследство

Предметни професори: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот
Запознавање со улогата и значењето на културното наследство како културна традиција и културна историја, истакнување на формите за унапредување на системите за неговата заштита и превенција од оттуѓување, мерките за обезбедување и евиденција, како и афирмацијата на културното наследство во функција на истакнување на културноисториските идентитети.
Градење претстава за безбедносен, заштитен, законодавно-правен и етички однос кон создавање услови за функционирање на ефикасна и функционална културна политика за заштита и афирмација на секое национално културно наследство.

Содржина на предметот

  • Културното наследство како културна меморија и културна традиција;
  • Културното наследство и современиот национален влог во глобалните културни прелевања меѓу народите;
  • Движно и недвижно културно наследство;
  • Форми на загрозување опстанокот на културното наследство;
  • Организиран криминал со културното наследство;
  • Заштита на културното наследство за време на кризи и воени конфликти;
  • Превенции за безбедност и заштита на сите видови културно наследство: археолошки локалитети, артефакти, духовни и културни споменици, иконографијата, ракописното писмено наследство, народната култура, и сл.;
  • Културната политика и односот кон културното наследство;
  • Домашната и меѓународната институционална поставеност и организираност за заштита на културното наследство;
  • Иматели на заштитени културни добра;
  • Законодавно-правниот аспект во однос на заштитата на културното наследство;
  • Едукација и менаџирање за заштитата на културното наследство;
  • Меѓународната соработка во склад со конвенциите за зголемување на безбедноста и превенцијата од оттуѓување на културното наследство;
  • Последици од оттуѓувањето на културното наследство и губење на културноисторискиот идентитет;
  • Афирмација на културното наследство како современо национално културно самопотврдување во глобалниот свет;
  • Дипломатијата и афирмацијата на културата и на културното наследство;

Напомена: Програмската содржина ќе се прилагодува и според потесниот дисциплинарен и тематски интерес на докторантите.

Основна литература
Чаусидис, Н. и група автори. 1995. Македонија. Културно наследство Скопје,Мисла.
Ристов, Ј. 2003. Споменичкото право во Македонија, Скопје, Култура и РЗЗСК
Салтировска, З. 2011. Заштита на културното наследство, Скопје, Филозофски факултет.
Група автори. 1998. Археолошкото богатство на Македонија и неговата заштита, Скопје, Фондација за култура на Македонија
Brguljan, V. 1985. Medjunarodni sistem zastite kulturnih i prirodnih dobara, Zagreb – Beograd, RZZSK.

Дополнителна литература
Аслимовски, П. 2000. Општествена заштита на културното наследство, Охрид.
Ристов, Ј. Диковски, М. и Илиевски, В. 2005. Избор на прописи за заштита на културното наследство, Скопје.
Малиш, М. Саздовски и група автори. 2010. Зборник: Заштита на културното наследство во Република Македонија, Скопје, Факултет за безбедност.
Танасковски, З. 2012. Заштита на иконите по македонските цркви и манастири, Скопје,Соларис Принт.
Поп-Атанасов, Ѓ. Велев, И. и Ј.Тошиќ, М. 1997. Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје,Институт за македонска литература.
Велев, И., Макаријоска, Л. и Црвенковска, Е. 2008. Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо, Скопје, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“.