Skip to content

Филолошки студии

ФИЛОЛОШКИ СТУДИИ / PHILOLOGICAL STUDIES
ISSN: 1857-6060
DOI: 10.17072 / 1817-6060
„Филолошки студии / Philological studies“ е славистичко списание од областа на хуманистичките науки со широк опсег на научни истражувања од областите на: теоријата на литературата, лингвистиката, фолклористиката, философијата, културологијата и историјата. Секој број на списанието ги содржи следниве рубрики: Философско-културолошки проблеми; Историја и филологија; „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект); Литературата во интеркултурен контекст; Современото општество во културата, во јазикот и во литературата; Проучување на говорот и лингводидактика; Рецензии и информации.
Списанието „Филолошки студии“ се објавува од 2002 година. Електронската верзија на списанието е регистрирана во 2005 година со седиште во Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија).  Списанието е со отворен пристап до секоја објавена статија. Излегува два пати годишно. Во него се објавуваат научни трудови на: македонски, српски, руски, словенечки, хрватски и англиски јазик.
Списанието претставува резултат на заедничката работа на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија), Филолошкиот факултет при Универзитетот во Перм (Русија), Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана (Словенија) и Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб (Хрватска).
Списанието „Филолошки студии“ е вклучено во следните бази на податоци: Централната и Источноевропската онлајн библиотека (CEEOL), Рускиот индекс на научно цитирање (РИНЦ), Хрватскиот портал на научни списанија (Hrčak), Aмериканската асоцијација за современ јазик (MLA), базата на EBSCO, на PROQUEST и на GALE.

Меѓународен уредувачки одбор на „Филолошки студии“:
Главен уредник проф. д-р Јасмина Мојсиева-Гушева – Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија, jasminamg@gmail.com
проф. д-р Тамара И. Ерофеева – Филолошки факултет, Пермски државен универзитет, Руска федерација, erofkaf@rambler.ru
проф. д-р Звонко Ковач – Факултет за хуманистички и општествени науки, Универзитет во Загреб, Хрватска, zkovac@ffzg.hr
доц. д-р Младен Ухлик – Факултет за уметност, Универзитет во Љубљана, Словенија, mladen.uhlik@gmail.com
д-р Марија Шаровиќ, научен соработник – Институт за книжевност и уметност, Белград, Србија, msharovic@yahoo.co.uk