Skip to content

Новости

Меѓународна конференција од проектот ЕВРОПСКАТА РУТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ И СКОПСКО

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе одржи меѓународна конференција ЕВРОПСКАТА РУТА НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ ВО КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА СКОПЈЕ И СКОПСКО.Конференцијата е дел од Програмата Европската културна рута на Светите Кирил и Методиј под покровителство на Советот на Европа. https://www.cyril-methodius.cz/ Линк

Повеќе »

Научен собир во чест на Гане Тодоровски и Петре М. Андреевски

Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со свечен научен собир одбележува годишнина од раѓањето на Гане Тодоровски (95 години) и на Петре М. Андреевски (90 години). Собирот ќе се одржи на 5 јуни 2024 (среда), со почеток во 12.00 часот, во амфитеатарот на ИМЈ

Повеќе »

Генерална асамблеја на Европската културна рута на Кирил и Методиј

На 23 мај 2024 година, во организација на Кирило-Методиевскиот научен центар при Бугарската академија на науките во Софија, се одржа Генерална асамблеја на членките на проектот Европската културна рута на Кирил и Методиј при Советот на Европа / Cultural Route of the Council of Europe: Cyril and Methodius Route. Од

Повеќе »

Промоција на СПОДЕЛЕНА АНТИКА од Дарин Ангеловски

Промоција на книгата СПОДЕЛЕНА АНТИКА (студии и есеи за класичната култура и античката литература) од д-р Дарин Ангеловски, во издание на Институтот за македонска литература – Скопје. Место и време на промоцијата: кафе-книжарница „Буква“, 15 април 2024 година (понеделник), 20.00 часот. Промотори на книгата: д-р Гоце Смилевски и д-р Александар

Повеќе »

Меѓународна научна конференција МИТ И ДРАМА

Носители: Филолошки факултет „Блаже Конески“, Институт за македонска литература, и Факултет за драмски уметности.Ко-координатори: Дарин Ангеловски (ИМЛ), Кристина Николовска (ФлФ), Деспина Ангеловска (ФДУ) Целта на оваа интердисциплинарна конференција е историски и дијахрониски да ги разгледа и да ги осмислува релациите меѓу концептите на митското мислење и драмското/театарското творештво според критичкиот

Повеќе »

Меѓународна научна конференција „МАКЕДОНЦИТЕ И ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО ГРЦИЈА (1946 – 1949): 75 ГОДИНИ ПОТОА“

По повод 75-годишнината од завршувањето на Граѓанската војна во Грција, на 29 март 2024 година, успешно беше реализирана Меѓународната научна конференција „Македонците и Граѓанската војна во Грција (1946-1948): 75 години потоа“, во коорганизација на Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“ и три национални научни институти при Универзитетот „Св.

Повеќе »