(мултимедијален ЦД ром)
Илија Велев
Институт за македонска литература, Скопје 2012
ISBN 978-9989-886-82-9
Цена 250,00 ден
Пошироко во византологијата и во македонската научна и културна јавност овој монографски структуиран труд за првпат понуди културолошки и критичко-толковен пристап на истражување за повеќе од 1000-годишниот феномен Византија и византиска култура од македонистички аспект. Како таков овој труд побуди активни реакции во византологијата, се разбира од аспект на позициите дали Византија треба да се сфаќа единствено како грчко историско и културно наследство, или пак, таа е конгломерат од култури сообразени едни со други на триконтинентален простор. Вредноста на монографијата беше потврдена и со доделувањето на авторот на највисоката државна наградата за научни достигнувања „Гоце Делчев“ во 2006 година. Второто електронско издание е збогатено со прилог од околу 500 фотографии.