Skip to content

Дескриптори на квалификацијата за втор циклус

Општи дескриптори на квалификацијатаза вториот циклус на студии согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации

 

Знаења и разбирање

  • Покажува знаење и разбирање од интердисциплинарното подрачје на културолошките студии, кое се надоградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
  • Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
  • Покажува високо ниво на професионална компетентност во научните полиња на културолошките студии во подрачјето на хуманистичките и општествените науки
  • Поседува знаење од областите на културолошките студии во полињата на општествените и хуманистичките науки, коешто се базира на најреномирани меѓународни истражувања.

примена на знаењето и разбирањето

  • Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со културолошките студии.
  • Способност за поврзување на теоретските знаења и генерирање на иновативни пристапи.

способност за проценка

  • Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето.
  • Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при некомплетни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка.
  • Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од областа на културолошките студии и поставување на нови анализи и решенија на научна основа.

комуникациски вештини

  • Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
  • Презема значителна одговорност за заедничките резултати, водење и иницирање активности.

Специфични дескриптори на квалификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето за студиската програма Културолошки студии (во книжевноста) согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации

знаења и разбирање

  • Способност за опишување на идеи и концепти од различни хуманистички и општествени дисциплини и репродуцирање на современите теоретските толкувања на културата (науката за литературата, културната историја, лингвистиката, социологијата, културната антропологија, теоријата на уметноста и сл.);
  • Способност за лоцирање на културните практики во рамките на современите теории за културата;
  • Способност за дискутирање на литературни теми од аспект на културолошките концепти и теории.

примена на знаењето и разбирањето

  • Демонстрира способност за интердисциплинарно и мултидисциплинарно поврзување на културните сегменти;
  • Способност за вреднување на културните практики со свест за важноста од почитување на културниот диверзитет;
  • Способност за споредување и анализа на конкретни културни практики, од минатото и современоста, со свест за позиционираноста на анализата во современоста.

способност за проценка

  • Способност за аргументирање на научни резултати и проблемски поставено, креативно и критичко размислување за одредени сегменти на културата.
  • Способност за одбрана на сопствените ставови во однос на проблемски поставените дилеми во теоријата на културата и културните практики.
  • Способност за споредување на различни уметнички и литературни експресии и нивно ситуирање во одреден културен контекст.

комуникациски вештини

  • Вештини за управување со информации (прибирање и анализирање информации од различни извори);
  • Користење на усни и писмени комуникациски вештини за ефективно и аргументирано презентирање на идеи и за дијалошка размена на ставови, мислења, убедувања и заклучоци; 
  • Способност за соработка со експерти во различни/сродни полиња и способност за тимска работа и работа во интер/мултидисциплинарен тим.

вештини на учење

  • Способност за учење и за самостојна работа.
  • Способност за генерирање на нови идеи во процесите на креативно размислување и способност за самостојна изработка на научен/стручен труд. 
  • Способност за презентација.