Дескриптори на квалификацијата за трет циклус
Општи дескриптори на квалификацијата за третиот циклус -докторски студии согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации
Знаења и разбирање
- Покажува систематско разбирање на интердисциплинарното подрачје на културолошките студии и стручно профилирано познавање на методи и вештини за истражување во рамките на тоа подрачје согласно највисоките меѓународни стандарди
примена на знаењето и разбирањето
- Покажува способност да толкува, дизајнира, применува и адаптира суштински предмет на истражување со научен интегритет.
- Преку оригинални истражувања кои ги поместуваат постојните граници на знаење, придонесува за развивање нови знаења, вреднувани на ниво на национални и интернационални рецензирани публикации.
способност за проценка
- Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, имајќи компетенции за проценка.
- Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти, преку кои ќе генерира ново знаење и вештини за развој на истражувачкото поле.
комуникациски вештини
- Способност за комуникација со своите колеги, пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на својата област на експертиза.
вештини на учење
- Способност за интегративно промислување на културата и за себепромоција во академски и професионални рамки во културниот развој во општество базирано на знаење.
Специфични дескриптори на квалификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето за студиската програма културолошки студии на третиот циклус – докторски студии, согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации
знаења и разбирање
- Усвојување специфични концепти, методолошки пристапи и современи теории од областа на културната традиција, современата култура, интеркултурализмот и транскултурата
- Продлабочено поимање на интердисциплинарното подрачје на културолошките студии
- Усвојување на меѓународните стандарди на академското проследување на културата/културите
примена на знаењето и разбирањето
- Оспособеност за самостојно интегративно и научно доследно промислување на феномените на културата според меѓународно релевантни стандарди
- Примена на критичкото поимање во проектирање и иницирање конкретни општествени акции и тенденции насочени кон подобрување на стандардите на граѓанското општество.
- Проследување и насочување на локалните културни трендови и тенденции во контекстот или со оглед на глобалните трендови
способност за проценка
- Способност за интердискурзивни анализи на традициолните и современите културни појави и практики и оспособеност за иновативно самостојно надоградување на постојните сознанија и стојалишта
- Способност за анализа и проценка на актуелните состојби на културните комуникации
- Способност за вреднување и креирање на културни политики
комуникациски вештини
- Оспособеност за тимска работа и високо професионална и колегијална соработка при истражувањето и презентацијата на постигнатите резултати
- Оспособеност за самостојно јавно презентирање на постигнати резултати
- Оспособеност за аргументирано дебатирање и активна партиципација во академски активности од меѓународен карактер
вештини на учење
- Способност за интегративно промислување на културата и за себепромоција во академски и професионални рамки во културниот развој во општество базирано на знаење.
- Обученост за следење на современите релевантни информации од дадена област од научен интерес
- Оспособеност за препознавање и дијагностицирање на актуелноста на конкретен културен феномен во корпусот/протокот на информации
- Оспособеност за проверка на своите сознанија и одбрана на своите ставови во дебатни услови