Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја одржа Меѓународната конференција The European Route of Saints Cyril and Methodius in the Cultural Heritage of Skopje and Greater Skopje Are / Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Скопје и Скопско на 8 октомври 2024 година.
Во рамки на Меѓународната конференција беше промовирана изложбата По трагите на Светите Кирил и Методиј од авторот Павол Демеш, поранешен министер за надворешни работи на Р Словачка, а во организација на Словачката амбасада во Скопје, Институтот за македонска литература и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при УКИМ во Скопје.
Изложбата ја следи траекторијата на движењето и дејствувањето на Светите Кирил и Методиј низ извонредни фотографии.