Skip to content

Кирилометодиевистика

Предметни наставници: д-р Илија Велев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ

Цели на предметот

Студиско проследување на словенската кирилометодиевска културна традиција, анимирана од кирилометодиевите ученици и следбеници светите Климент и Наум Охридски, како и профилирањето на средновековните културно-творечки процеси во функција на афирмација на словенската христијанска цивилизација.

Содржина на предметот

  • Феноменот на словенската цивилизација како трета христијанска култура во Европа;
  • Кирилометодиевската традиција и нејзиниот културно-историски идентитет во Македонија;
  • Улогата на светите Климент и Наум Охридски во афирмацијата на словенската култура и писменост;
  • Трактатот За буквите на Црноризец Храбар и прашањето за глаголската и кирилската писменост;
  • Охридската духовна и книжевна школа;
  • Оригинална, преводна и препишувачка книжевна традиција;
  • Книжевни школи, центри и скрипториуми;
  • Културните процеси во периодот меѓу X и XII век и дисперзијата на словенските основоположени традиции;
  • Културните творечки произнесувања во XIII и XIV век: Исихастички мистицизам, схоластичен рационализам;
  • Хуманистичките и ренесансни пројави во XV век;
    Книжени модели во литературата и културата меѓу XV и XVIII век; Поствизантиски културно-изразни процеси во Македонија;
  • Просветителски пројави и дамаскинарството;
    Облици и модели на културното творештво во средновековна Македонија;
  • Книжевни и скрипторски центри;
  • Македонската средновековна култура наспрема другите јужнословенски култури.

Основна литература

Острогорски Георге (1970) Византија и Словени, Београд
Велев, Илија (2016) Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители, УКИМ, Скопје
Велев, Илија (2014) Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност, Скопје
Јакимовска-Тошиќ, Маја (2007) Кирилометодиевски книжевни проекции, Скопје
Јакимовска-Тошиќ, Маја (2001) Македонската книжевност во XV век, Институт за македонска литература, Скопје

Дополнителна литература
Поп-Атанасов, Ѓ., Велев, И., Јакимовска-Тошиќ, М. (2004) Творци на македонската литература IX-XVIII век, Скопје
Антиќ, Вера (1997) Историја на македонската книжевност. Средновековна книжевност, Скопје
Велев, Илија (2008) Македонска книжевност IX-XVIII век, Битола
Јакимовска-Тошиќ, Маја (2013) Книжевни и културни модели во македонската средновековна литература, Скопје
Поп-Атанасов, Ѓ., Велев, И., Јакимовска-Тошиќ, М. (1997) Скрипторски центри во средновековна Македонија, Скопје