Skip to content

Конференција Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско

Конференцијата Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско во организација на Институтот за македонска литература ќе се одржи во среда29 октомври 2021 година со почеток во 10.00 часот.
Местото на одржување е амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, I кат, со почитување на мерките и препораките за заштита од Covid-19.

На отворањето на Конференцијата свои обраќања ќе имаат в.д. директорката на Институтот за македонска литература проф. д-р Наташа Аврамовска и претседателот на Одборот проф. д-р Илија Велев. Ќе се промовира зборникот на трудови  Културниот туризам во афирмација на македонското културно наследство во Скопје и Скопскочиј промотор е проф. д-р Ана МартиноскаМ-р Марина Цветаноска ќе има интерактивна интерпретација на творби од словенската писменост.

Организационен одбор на Конференцијата: д-р Илија Велев (претседател), д-р Маја Јакимовска-Тошиќ, (член) и д-р Сарита Трајанова (секретар)

Покана

Постер

Програма

Апстракти

Конференцијата се реализира во рамките на проектот Писменото и книжевното културно наследство од Скопје и Скопско, кој е од областа промоцијата на културното наследство со поддршка на Градот Скопје.