Предметни наставници: д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, д-р Биљана Рајчинова-Николова
Цели на предметот
- запознавање со различните начини на конструирање на јавната меморија и
- запознавање со различните начини на формирањето на индивидуалниот и колективниот идентитет.
Содржина на предметот
Културната меморија може да се дефинира како општествена конструкција на минатото која им овозможува на индивидуите и групите да се ориентираат себеси во времето и просторот. Курсот ќе ги следи најновите концепти и проблеми кои се актуализираат во проучувањето на културната меморија. При тоа, целта е да се проследат културните мемории формирани надвор од формалните историски дискурси, но артикулирани со тие дискурси (од студиите за книжевност и филм, до популарната култура). Посебен акцент ќе се стави на анализата на процесот преку кои тие стануваат дел од популарната култура. Основната цел на курсот е, врз основа на различна граѓа (ордени, ритуали, усни истории, книжевност, филм, фотографија, културни и др. споменици), да се одговори на прашањето како меморијата ни зборува за влијанието на минатото на сегашноста и какво е влијанието на сегашноста за разбирање и интерпретација на минатото.
Курсот ќе биде составен од два дела: првиот ќе се занимава со главните теоретски пристапи по прашањето за формирање на културната меморија, а вториот со анализа на конкретни примери кои се парадигматични за разбирањето на процесите преку кои меморијата длабоко е преплетена со општествените односи, приказните во филмот и литературата, историјата на групите, ритуалните практики, монументалноста на споменици, материјалните артефакти и мноштво други културни уреди. Исто така ќе се настојува да се одговори на прашањето како културната меморија е поврзана со идентитетот (национален, класен, родов…)
Основна литература
Jan Assmann. 2005. Kulturno pamcenje, Zenica
Eds. Astrid Erll and Ansgar Nünning. 2008. Cultural Memory Studies: An International and Interdisciplinary Handbook Berlin/New York: de Gruyter
Меѓународно списание за културолошки истражувања Култура/Culture бр. 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10 / 2014, 2015
Дополнителна литература
Lucy Burke, Simon Faulkner and Jim Aulich (Ed.) 2010. The politic of Cutural Memory, Cambridge Scholars Publishing
Bal, M., Crewe , J. and L. Spitzer. 1998. Acts of Memory: Cultural Recallint he Present. Hanover: University Press of New England
Huyssen, A. 2003. Present Pasts: Urban Palimpsests and the Politics of Memory. Stanford University Press
