Skip to content

МАКЕДОНСКИ ХУМОРИСТИЧНИ НАРОДНИ ПЕСНИ (Од архивските материјали на Васил Хаџиманов) од Ана Мартиноска и Жарко Иванов

Институт за македонска литература, Скопје, 2025
Димензии 24×24 см
Број на страници 256
ISBN 978-608-4744-49-8
Цена 600,00 ден.

Mонографијата Македонски народни хумористични песни: (од архивските материјали на Васил Хаџиманов) од Ана Мартиноска и Жарко Иванов е резултат на долготраен и минуциозен процес на авторите кои по повеќегодишни истражувања во Архивот на МАНУ и Легатот на Хаџиманов ги резимираат дел од своите научни резултати. Тaа е исклучително значаjна за афирмирање во јавноста на дел од националното богатство на македонскиот фолклор.
Изданието презентира околу стоипедесетина хумористични народни песни, главно собирани во првата половина на 20 век. Хумористичните песни во монографијата се приложени во фототипна верзија на мелограмите и белешките на самиот Хаџиманов и на неговите информатори, заедно со расчитана верзија на текстовите на песните направена од Мартиноска и Иванов, придружени со продлабочено научно истражување на фолклористичките, мотивските и стилските аспекти на овој жанр, како и од родово и културолошко толкување на хуморот во контекст на македонската народна култура.
Оваа книга претставува важен чекор во насока на промоција на собирачката дејност на Васил Хаџиманов и негово стекнување на заслужен статус во македонската научна и поширока јавност, но и во насока на презентација на загрозеното, а непознато фолклорно богатство што го кријат архивските материјали од Легатот на Хаџиманов.