Skip to content

Меѓународен проект „СЛОВО“ – „Toward the Building of digital Library of South Slavic Manuscripts“

Меѓународен проект „СЛОВО“ – „Toward the Building of digital Library of South Slavic Manuscripts“

Партнерски институции: Институтот за славистика при Австриската академија на науките, Институтот за балканистика при САНУ, Институтот за македонска литература и Словенската академија на наукитеИнститутот во овој меѓународен проект беше вклучен преку учеството на соработниците д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Илија Велев. Главен истражувач на проектот беше д-р Анисава Милтенова, раководител на Секцијата за стара бугарска литература на Институтот за литература при БАН.Проектот имаше за цел и задача проучување на старите јужнословенски ракописи и ракописното богатство во манастирите на Балканот и во Синајскиот манастир „Св. Екатерина“. Во рамките на проектот се реализираше меѓународна конференција, зборник на трудови, веб страница, вклучување во европските програми за дигитални библиотеки и претставување на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид.