Интернет адреса: ana_jovkovska@yahoo.com
Научно звање: соработник-истражувач во Одделението за македонска народна литература, докторантка на третиот циклус Културолошки студии на УКИМ, ИМЛ
Потесна област на научноистражувачки интерес: културолошки студии, родови студии, популарна и народна култура, филмократија, студии за медиуми и комуникација
Постдипломски студии: Културолошки студии (во книжевноста) – Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, 2021
Магистерски труд: Критички промислувања на одредени аспекти на репрезентација на жената во популарната култура
Високо образование: Интердисциплинарни студии по новинарство, Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје,
Учество во научноистражувачки проекти:
• „Про-книжи го умот“ („Booking Your Mind“) – Платформа за креативен дијалог, Делегација на Европска Унија и ЕУ Инфо центар, Скопје (2016). Книжевни дебати со активно учество на локалните заедници преку културна репрезентација, дијалог и едукација низ книжевните наративи на бројни европски автори како Валтер Бенјамин, Џорџ Орвел, Олдоус Хаксли, Мишел Фуко, Жак Лакан, Ерих Фром и други.
• „Караван на дебати“ („Caravan of Debates“) – Платформа за културна продукција и демократизација на јавниот простор, Делегација на Европска Унија, Скопје (2015). Проектот ги адресира темите: културни политики, родова еднаквост, креативни индустрии, медиумска култура, литература, технологија, уметност.
• Документарен филм „Еднакви“ (25 минути) за 110 годишнината од борбата за родова еманципација во Македонија на Роса Плавева и Накие Бајрам – Институт за човекови права и Сектор филм (2018)
• „Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет“, Институтот за човекови права, Скопје (2019)
• „Шекспир живее“/„Shakespeare Lives in 2016“, Британски совет и Британска амбасада во Скопје (2016)
• „Прирачник за вработување“ – Центар за развој на кариера и инфо центар за млади, СОС Детско село (2019)
• Проекти од областа на комуникологијата и креативните индустрии на „Институт за социолошки и политичко-правни истражувања” при УКИМ во Скопје
Научни и стручни трудови во периодиката: Објавила повеќе научни и стручни трудови меѓу кои:
• „Супермаркет-култура – Современите предизвици на културата во потрошувачкото општество“, Context/Контекст – Меѓународно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања (2020)
• „Родовите стереотипи во функција на потрошувачкта култура“, Context/Контекст – Меѓународно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања (2021)
• „Културните окови на нормираната женственост“, Филолошки студии/Philological studies – Меѓународно мултинационално и мултидисциплинарно списание (2021)
Монографии:
• Пулсот и времето (Силсонс/Матица македонска, 2015)
• Ехо на слободата (ТРИ, 2018)
• Сакам, значи постојам (ТРИ, 2019)
• Жената во популарната култура (ТРИ, во печат)
Истражувачки студиски престој: Уредник-гостин на Европската платформа за уметност и поезија – „Версополис“ (2019).
Општествени и професионални должности:
- Новинарка, уредничка и колумнистка во повеќе електронски и печатени медиуми.
- Книжевна критичарка за „Приказни.мк“.
- Авторка и уредничка на ТВ проектот „Пулс“ – дебатна емисија за култура и политика (ТВ Алфа, 2007-2014).
- Коосновачка на првиот Автономен културно-социјален центар во Скопје – АКСЦ како слободна зона за независна уметност, култура, дебата и младински активизам (2013-2015).
- Надворешна соработничка на Меѓународниот литературен фестивал – „Про-за Балкан“ (2013 – 2020).
- Лице за односи со јавноста и промоција на бројни проекти од културата.
- Организаторка и модераторка на бројни конференции и дебати.
- Спроведува обуки и едукативни тренинзи за комуникациски и презентациски вештини, јавно говорење, родова еднаквост и медиумска култура за различни организации и институции.