Период на реализација: 1992-1994 Главен истражувач: проф. д-р Георги Сталев
Реализацијата на овој макропроект се одвива по теми во рамките на потпроекти, сообразени со дејноста на научноистражувачките одделенија. Резултатите од овој макропроект се: комплексни и систематизирани проучувања на скрипторски центри, автори, дела, книжевни појави и процеси за македонската литература од сите развојни периоди: усното творештво, средновековна книжевност, современите книжевни достигнувања, македонско-јужнословенските и македонско-странските врски и влијанија, како и определени теоретски согледби за кратките наративни форми, романот, поезијата и сл. Од научноистражувачката работа на овој макропроект произлегоа неколку монографии, поголеми студии и други научни прилози.