
Институт за македонска литература, Скопје, 2009
Димензии 21см
Број на страници 333
ISBN 978-9989-886-75–1
Цена 300,00 ден.
Монографски труд во кој се проследува расказот од првата книга на адаптирани раскази од Јоаким Крчовски, од зачетникот на уметничкиот прозен исказ Рајко Жинзифов до генерацијата автори Коста Шахов, Атанас Раздолов, Стојан Божов, Михаил К. Шатев. Застапени се 19 раскажувачи кои објавиле книги со раскази. Во трудот се проследуваат и авторите кои публикувале проза на страниците од различни весници и списанија, зборници, календарчиња и алманаси. Трудот е резултат од проектот Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската книжевност во 19 век.