Главен истражувач: д-р Васил Тоциновски
Соработници: д-р Георги Сталев,
Македонската литература во 19 век како одраз на традицијата и континуитетот на писменоста од претходните векови ја опкружуваат и следат неповолни политички, економски и духовни услови и секако една од најпоразителните состојби на нејзината територијална дезинтеграција. Во тој комплексен книжевен опстанок се следат, се толкуваат и се вреднуваат книжевните преводи како преттекст на појава и на сопствена уметничка литература (д-р Васил Тоциновски), монографскиот труд за поетскиот гениј на македонскиот 19 век, Григор Прличев и стилските особености на македонската поезија (д-р Георги Сталев), автобиографијата како еден не само историски, туку и книжевно-естетски документ (д-р Наташа Аврамовска) и комплексот на македонското просветителство (д-р Валентина Миронска Христовска).
