Институт за македонска литература, Скопје, 2019
Димензии 24 см
Број на страници 334
ИСБН 978-608-4744-16-0
Цена 300,00 ден.
Книгата низ шест (6) поглавја ја истакнува потребата од стратегија за создавање, споделување и користење на знаењето во институциите од областа на културата. Почнувајќи со вовед во темата, преку фокусирање на поимот и видовите на знаење, се преминува на обработување на менаџментот на знаење (МЗ) и давање теориски преглед на научните сознанија од оваа проблематика. Потоа следи поврзување со организациското учење, со посебен акцент на „организацијата која учи“ и организациската култура во институциите од културата, каде индивидуалното знаење на креативните вработени претставува основа за знаењето на организациско ниво. Посебно поглавје е посветено на културата и нејзината поврзаност со знаењето преку информацијата и комуникацијата како културни феномени. Во книгата се потенцира значењето на културната компетенција – комплексен и динамичен процес, особено важен за институциите од областа на културата, кој бара тековна самопроценка и постојано проширување на културното знаење преку разбирање на сопствената култура, продолжувајќи преку интеракции со поединци од различни култури и проширување преку сопственото доживотно учење. Во книгата се претставени 64 институции од областа на културата со анализа на нивните активности од аспект на менаџментот на знаење. Опфатени се институциите од музичката, сценско-уметничката, филмската, галериската, музејската и библиотечната дејност, како и дејноста за заштита на спомениците на културата. Преку претставување на резултатите од спроведеното анкетно истражување се дава квантитативен и квалитативен приказ на системот на МЗ во институциите од областа на културата во Р Македонија, односно се изнесуваат ставови за постоењето на стратегија за генерирање, примена и трансфер на знаењето, за степенот на имплементација на МЗ во овие институции и секако препораки за ефикасна примена на МЗ.