Дескриптори на квалификацијата за втор циклус
Општи дескриптори на квалификацијатаза вториот циклус на студии согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации
Знаења и разбирање
- Покажува знаење и разбирање од интердисциплинарното подрачје на културолошките студии, кое се надоградува врз првиот циклус, применувајќи методологии соодветни за решавање сложени проблеми, како на систематски, така и на креативен начин, што обезбедува основа или можност за оригиналност во развивањето и примената на автономни идеи во контекст на истражувањето.
- Способност за употреба на проширено и продлабочено знаење.
- Покажува високо ниво на професионална компетентност во научните полиња на културолошките студии во подрачјето на хуманистичките и општествените науки
- Поседува знаење од областите на културолошките студии во полињата на општествените и хуманистичките науки, коешто се базира на најреномирани меѓународни истражувања.
примена на знаењето и разбирањето
- Способност за критичко, независно и креативно решавање проблеми со одредена оригиналност во нови или непознати средини и во мултидисциплинарен контекст, поврзани со културолошките студии.
- Способност за поврзување на теоретските знаења и генерирање на иновативни пристапи.
способност за проценка
- Способност за синтетизирање и интегрирање на знаењето.
- Способност за справување со сложени прашања, систематски и креативно, за солидно проценување дури и при некомплетни и ограничени информации, но кои ги вклучуваат личните, општествените и етичките одговорности при примената на стекнатото знаење и проценка.
- Способност за оценување и селекција на научни теории, методологии, алатки и општи вештини од областа на културолошките студии и поставување на нови анализи и решенија на научна основа.
комуникациски вештини
- Способност за размена на заклучоци и предлози со аргументирање и со рационално поткрепување на истите, како со стручни, така и со нестручни лица, јасно и недвосмислено.
- Презема значителна одговорност за заедничките резултати, водење и иницирање активности.
Специфични дескриптори на квалификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето за студиската програма Културолошки студии (во книжевноста) согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации
знаења и разбирање
- Способност за опишување на идеи и концепти од различни хуманистички и општествени дисциплини и репродуцирање на современите теоретските толкувања на културата (науката за литературата, културната историја, лингвистиката, социологијата, културната антропологија, теоријата на уметноста и сл.);
- Способност за лоцирање на културните практики во рамките на современите теории за културата;
- Способност за дискутирање на литературни теми од аспект на културолошките концепти и теории.
примена на знаењето и разбирањето
- Демонстрира способност за интердисциплинарно и мултидисциплинарно поврзување на културните сегменти;
- Способност за вреднување на културните практики со свест за важноста од почитување на културниот диверзитет;
- Способност за споредување и анализа на конкретни културни практики, од минатото и современоста, со свест за позиционираноста на анализата во современоста.
способност за проценка
- Способност за аргументирање на научни резултати и проблемски поставено, креативно и критичко размислување за одредени сегменти на културата.
- Способност за одбрана на сопствените ставови во однос на проблемски поставените дилеми во теоријата на културата и културните практики.
- Способност за споредување на различни уметнички и литературни експресии и нивно ситуирање во одреден културен контекст.
комуникациски вештини
- Вештини за управување со информации (прибирање и анализирање информации од различни извори);
- Користење на усни и писмени комуникациски вештини за ефективно и аргументирано презентирање на идеи и за дијалошка размена на ставови, мислења, убедувања и заклучоци;
- Способност за соработка со експерти во различни/сродни полиња и способност за тимска работа и работа во интер/мултидисциплинарен тим.
вештини на учење
- Способност за учење и за самостојна работа.
- Способност за генерирање на нови идеи во процесите на креативно размислување и способност за самостојна изработка на научен/стручен труд.
- Способност за презентација.