Skip to content

Дескриптори на квалификацијата за трет циклус

Општи дескриптори на квалификацијата за третиот циклус -докторски студии согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации

Знаења и разбирање

  • Покажува систематско разбирање на интердисциплинарното подрачје на културолошките студии и стручно профилирано познавање на методи и вештини за истражување во рамките на тоа подрачје согласно највисоките меѓународни стандарди

примена на знаењето и разбирањето

  • Покажува способност да толкува, дизајнира, применува и адаптира суштински предмет на истражување со научен интегритет.
  • Преку оригинални истражувања кои ги поместуваат постојните граници на знаење, придонесува за развивање нови знаења, вреднувани на ниво на национални и интернационални рецензирани публикации.

способност за проценка

  • Способност за критичка анализа, оценување и синтеза на нови и сложени идеи, имајќи компетенции за проценка.
  • Способност за независно иницирање на истражувачки и развојни проекти, преку кои ќе генерира ново знаење и вештини за развој на истражувачкото поле. 

комуникациски вештини

  • Способност за комуникација со своите колеги, пошироката академска заедница и со општеството во целина во рамките на својата област на експертиза.

вештини на учење

  • Способност за интегративно промислување на културата  и за себепромоција во академски и професионални рамки во културниот развој во општество базирано на знаење.

Специфични дескриптори на квалификацијата со кои се одредуваат резултатите од учењето за студиската програма културолошки студии на третиот циклус – докторски студии, согласно со Уредбата за националната рамка на високообразовните квалификации

знаења и разбирање

  • Усвојување специфични концепти, методолошки пристапи и современи теории од областа на културната традиција, современата култура, интеркултурализмот и транскултурата
  • Продлабочено поимање на интердисциплинарното подрачје на културолошките студии
  • Усвојување на меѓународните стандарди на академското проследување на културата/културите

примена на знаењето и разбирањето

  • Оспособеност за самостојно интегративно  и научно доследно промислување на феномените на културата според меѓународно релевантни стандарди
  • Примена на критичкото поимање во проектирање и иницирање конкретни општествени акции и тенденции насочени кон подобрување на стандардите на граѓанското општество.
  • Проследување и насочување  на локалните културни трендови и тенденции во контекстот или со оглед на глобалните трендови

способност за проценка

  • Способност за интердискурзивни анализи на традициолните и современите културни појави и практики и оспособеност за иновативно самостојно надоградување на постојните сознанија и стојалишта 
  • Способност за анализа и проценка на актуелните состојби на културните комуникации
  • Способност за вреднување и креирање на културни политики

комуникациски вештини

  • Оспособеност за тимска работа и високо професионална и колегијална соработка при истражувањето и презентацијата на постигнатите резултати
  • Оспособеност за самостојно јавно презентирање на постигнати резултати
  • Оспособеност за аргументирано дебатирање и активна партиципација во академски активности од меѓународен карактер

вештини на учење

  • Способност за интегративно промислување на културата  и за себепромоција во академски и професионални рамки во културниот развој во општество базирано на знаење.
  • Обученост за следење на современите релевантни информации од дадена област од научен интерес
  • Оспособеност за препознавање и дијагностицирање на актуелноста на конкретен културен феномен во корпусот/протокот на информации
  • Оспособеност за проверка на своите сознанија и одбрана на своите ставови во  дебатни услови