Context / Контекст
CONTEXT / КОНТЕКСТ е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. Во него се објавуваат рецензирани и типологизирани прилози на англиски и на македонски јазик. Списанието се објавува од 1995 година, а својот сегашен профил на меѓународно списание и со овој наслов го оформи во осмиот број во 2010 година (претходните седум броја беа печатени под насловот Книжевен контекст). На страниците на CONTEXT/КОНТЕКСТ се презентираат студии од домашни и странски автори посветени на проблемските подрачја на современите хуманистички дисциплини, со акцент врз нивното што посестрано испреплетување и комбинирање и мултиплицираното поврзување со социо-општествениот и културен контекст.
ISSN: 1857-7377
Меѓународен уредувачки одбор на Context / Контекст:
главен и одговорен уредник, д-р Соња Стојменска-Елзесер (Македонија)
д-р Лидеке Плате (Холандија)
д-р Звонко Танески (Словачка)
д-р Маруша Пушник (Словенија)
д-р Златко Крамариќ (Хрватска)
м-р Ема Лакинска, секретар (Македонија)