Монографијата Culture in Transition Countries / Културата во земјите во транзиција е резултат на заеднички истражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Р Македонија) и Филозофскиот факултет при Универзитетот „Константин Филозоф“ во Нитра (Р Словачка).
Главната тема на монографијата е актуелното место и улога на културата во современите процеси на транзиција во земјите од Централна и од Југоисточна Европа. Излагањата се распоредени во два тематски циклуси: Повторно размислување за културната транзиција и Пресликување на темата за културната транзиција во уметностите и во медиумите. Монографија е создадена од 14 автори од двете земји. Од Македонија со свои трудови се застапени авторите: Маја Јакимовска-Тошиќ, Валентина Миронска-Христовска, Ана Мартиноска, Јасмина Мојсиева-Гушева, Лорета Георгиевска-Јаковлева, Гоце Смилевски и Соња Стојменска-Елзесер. Од Словачка се вклучени авторите: Кристина Јакубовска, Катарина Габашова, Јозеф Пушкар, Вероника Моравчикова, Мирослав Балај, Ерика Моравчикова и Луција Велкова.
Раководители на проектот и уредници на изданието се Маја Јакимовска-Тошиќ и Катарина Габашова.
Рецензенти на изданието се Илија Велев и Наташа Аврамовска.
Монографијата Culture in Transition Countries / Културата во земјите во транзиција својата промоција ќе ја има во Скопје и во Нитра.