Предметен професор: д-р Африм Реџепи
Цели на предметот
Стекнување на знаења за естетиката како хуманистичка дисциплина и за нејзиниот однос помеѓу човечката перцепција и уметноста, од една страна и општествениот код од друга страна. Стекнување на знаења за културните теории.
Развивање на разбирањето и експертско толкување (интерпретација) на уметничките дела (феноменологија / херменевтика, структурализам и постструктурализам) и прашањата поврзани со човечката култура, како што се: Која е целта на уметноста? Зошто постојат уметнички форми, стилови, периоди? Како и зошто се менува современиот вкус и вкусот на секој слој.
Развивање на чувството за она што е вистинска вредност за учењето и опсервацијата, е прашањето за естетичката теорија и прашањето како уметноста и културата едуцираат и бидуваат интерактивни? Како овие прашања во различни епохи на цивилизацијата, функционираат?
Практикувањето на херменевтичкиот метод значи да се научат студентите херменевтички да ги читат текстот и сликата преку културниот контекст.
Содржина на предметот
Теориски пристапи на уметноста и културата.
Р. Вилијамс, Р. Фелски и др.
Естетската форма. Парадигми на естетската форма. Структурата на чинот на естетскиот суд. Културното обликување на човекот. Типологијата на Кант и Шилер.
Традиционалниот и авангардниот вкус. Класицизмот на германската естетика: Кант, Хегел и Шилер; Импресионизмот и постимпресионизмот (Сезан, Ван Гог и Гоген); експерименталната естетика (Фидлер и Вунт); естетиката и егзистенцијализмот (Хајдегер и Сартр); онтолошко – феноменолошката естетика (Хајдегер и Хартман); естетичката теорија (Адорно и Данто); Поп уметноста (Ворхол); Естетиката на Јозеф Бојс;
Текстот како енергија и сила (Делез). Релациската естетика. Естетиката и политиката (Ж. Рансјер). Естетиката и идеологијата (Т. Игелтон).
Основна литература
Michael Berube. The aesthetics of cultural studies Blackwel, 2005
Zbornik radova Umjetnost i kultura, Beograd, 2008
Deleuze, Gilles, Francis Bacon. Continum, London, 1981
Дополнителна литература
Siler, Fridrih. Pisma o estetskom vaspitanju coveka, Kultura, Beograd, 1967
U. Eko. Istorija lepote i istorija ruznoce, Beograd, 2005/2007
Африм А. Реџепи. Потрага по хармонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2016