Skip to content

проф. д-р Илија Велев

Илија Велев
Интернет адреса: ilijavelev@yahoo.com
Научно звање: научен советник / редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес:
медијавистика, византологија, палеославистика, археографија, историографија и современа литература
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Развојот на македонската книжевност во XIV век, 1994
Постдипломски студии:
Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Лесновскиот книжевен центар, 1988
Високо образование:
Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје,
група Историја на книжевностите на народите на СФРЈ и Македонски јазик, 1982
 
Изведува настава на Културолошките студии на ИМЛ
Втор циклус
• Византиско-културолошки студии (кореализатор)
• Кирило-методиевистика (кореализатор)
• Библијата во културната традиција (кореализатор)
• Културно наследство (кореализатор)
• Културен туризам (кореализатор)
Трет циклус – докторски студии
• Писмото и писмените споменици како културно наследство
• Културната и духовната традиција на Света Гора
• Заштита и афирмација на културното наследство (кореализатор)
 
Научноистражувачки проекти

Главен истражувач
• Византиско-македонски книжевни врски
• Свети Константин-Кирил и Методиј Солунски – монографско истражување

Учесник
• Историја на македонската литература
• Средновековни жанрови во старата македонска литература
• Скрипторски центри во средновековна Македонија
• Творци на средновековната македонска книжевност
• Кирилометодиевскиот превод на Библијата
• Света Гора и македонското книжевно наследство
• Меѓународен макропроект Slovo: Towards a Digital Library of South Slavic Manuscripts  (финансиран од Европската унија со учество на експерти од Австрија, Бугарија, Словенија, Србија и Македонија)

Студиски престои

Остварил студиски престои во научните центри во Москва (Руска Федерација), Софија (Република Бугарија) и Белград (Србија и Црна Гора).
 
Се појавува како автор на поетски, прозни, критичко-есеистички, книжевно-научни и историографски дела.
 
Монографии

•    Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија, Наша книга, Скопје, 1990
•    Македонска средновековна книжевност (коавтор), Македонска книга, Скопје, 1991
•    Македонскиот книжевен XIV век, Веда, Скопје, 1996
• Свети Гаврил Лесновски во книжевната традиција, Менора, Скопје, 1996
•    Скрипторски центри во средновековна Македонија (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература при Филолошки факултет, Скопје, 1997
•    Лесновскиот книжевен центар, Мисла, Скопје, 1997
• Кирилометодиевската традиција и континуитет, Институт за македонска литература и Култура, Скопје, 1997
•    Кога морето се изговара без брегот, Менора, Скопје, 2000
•    Средновековни книжевни антологии, Менора, Скопје, 2000
•    Проникнувања на традицијата и континуитетот, Институт за македонска литература, Скопје, 2000
•    Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје, 2001
•    Творци на средновековната македонска книжевност (коавтори д-р Ѓорги Поп-Атанасов и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ), Институт за македонска литература, Скопје, 2004 
•    Лесновски – ковачевиќев пролог, Менора, Скопје, 2002
•    Византиско-македонски книжевни врски, Скопје, 2005
•    Низ преминот на традицијата, Книжевно-историски погледи, Дијалог, Скопје 2006
•    Македонскиот јазик во глобалниот свет, 2008 – Година на македонскиот јазик, Влада на Република Македонија (коавтор), Скопје 2008
•    The Macedonian Language in the Global World, 2008 – Year of the Macedonian language, Skopje 2008.
•    La Lingua macedone nel mondo globale, 2008 – Anno della lingua macedone, Skopje 2008.
•    Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо (коавтор), Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје 2008.
•    Macedonian Glagolitic and Cyrillic Manuscripts, Contributors: Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska, Skopje 2008.
•    Македонска книжевност IX-XVIII век, том 1 од 135 томови Македонска книжевност, Издавачки макропроект на Владата на Република Македонија, Битола 2008
•    Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 130, Macedonian literature, Skopje 2010
•    Во почетокот беше Словото, Институт за македонска литература, Скопје 2009
•    Macedonian literature IX-XVIII century, volume 1 from 135, Macedonian literature, Skopje 2010
•    Беседа против богомилите на Презвитер Козма, Македонска реч, Скопје 2011
•    Св. Константин-Кирил Филозоф. 1150 години од Моравската мисија и од воспоставувањето на кирилометодиевската традиција, Соларис Принт, Скопје 2013
•    Историја на македонската средновековна книжевност. Прво кратко издание, Дијалог, Скопје 2013
•    Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност. Второ проширено издание, Гирланда, Скопје 2014
•    Хронографијата и Романот за Александар Велики – Македонски, Скопје 2014
•    Свети Кирил и Методиј, рамноапостоли и сесловенски просветители, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје 2016
•    Свети Климент Охридски. По повод 1100 години од неговото блажено упокојување (†916-2016). Специјален објавен прилог во дневното издание на Нова Македонија, год. LXXI, бр. 23922, Скопје, среда-четврток 7-8 декември  2016
•    Свети Климент и Наум Охридски (коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
•    Македонска преродба (коавтори Валентина Миронска-Христовска и Марко Китевски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2016
•    Светите Кирил и Методиј (коавтори Тони Филипоски и Ратомир Грозданоски), Влада на Република Македонија. Едиција „Македонски искушенија“, Скопје 2017
•    Културноисториски проникнувања, Гриланда, Скопје 2017
•    Погледи кон македонската културноисториска традиција. Издавач: „Гирланда“, Скопје 2021, 292 стр.
•    MAKEDONIJA I CRNA GORA. Kulturnoistoriski i kniževnostvaralački kontekst. Izdavači: Matica Crnogorska i Makedonska akademije nauka i umjetnosti, Podgorica 2021, 450 str.

Поетско-белетристички изданија

•    Далечина, збирка поезија, Книжевна младина на Македонија, Скопје 1980.
•    Одлагање на говорот, збирка поезија, Култура, Скопје 1988.
•    Мораме да крвавиме, збирка раскази, Менора, Скопје 1999.
•    Искушение пред бескрајот, собрани стихови, Макавеј, Скопје 2008.

Приредени изданија

•    Бисеро моме, Бисеро. Избор од македонската љубовна лирика од Преродбата до 1944 година, Култура, Скопје 1990
•    Антологија на македонската книжевност. Книжевни остварувања од IX до XXI век, Институт за македонска литература, Скопје 2014

Електронски изданија
•    Кирилицата по врвицата на словенската писмена традиција во Македонија. Кириллица тропой славянской письменной традиции в Македонии, Министерство за култура на Република Македонија. Продукција „Томато“, Скопје 2010
•    Кирилицата по врвицата на писменоста во Македонија, Нова Македонија, Скопје 2010
•    Византиско-македонски книжевни врски, Второ проширено електронско издание, Институт за македонска литература, Скопје 2012
•    Четвороевангелието на поп Јоан Кратовски од 1562 година, Институт за македонска литература, Скопје 2012

Научни и стручни трудови во периодиката: Автор е на повеќе од 500 објавени прилози во научната периодика.

Научни собири
Учествувал на повеќе од 150 меѓународни и национални научни собири и конференции во Македонија и во други земји, главно од областа на медијавистиката, византологијата, палеославистиката, културологијата и историографијата.
 
Членства во научни и други професионални асоцијации: Член е на Друштвото на писателите на Македонија.
 
Општествени и професионални должности

•    Раководител на научната единица Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје (1996-1998);
•    Член на Факултетската управа на Филолошки факултет „Блаже Конески“ (1996-1998);
•    Прв в.д. директор и учесник во институционалното осамостојување на ЈНУ Институт за македонска литература, во два мандата (1998-1999);
•    Член на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1998-1999);
•    Член на Советот на Меѓународниот Семинар за македонски јазик, литература и култура (1998-1999);
•    Главен и одговорен уредник на списанието за книжевна наука Спектар на Институтот за македонска литература (1995-1999, од бр.25 до бр.34 и 2021-  од бр. 77…) и член на редакцијата (2000-2001, од бр.35 до бр.38);
•    Еден од основачите и член на редакцијата на научното списание Кирилометодиевистика, издавач Менора од Скопје (2003-2005, од бр.1 до бр.3);
•    Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје (2001-2004);
•    Претставник на Владата на РМ во Советот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (2005-2008);
•    Претседател на Комисии за одобрување на учебници за средно образование по предметот Македонски јазик и литература во Бирото за развој на образованието при Министерството за образование и наука, во повеќе наврати (2001-2007);
•    Претседател или член на Жири-комисии за наградата „Димитар Митрев“ за книжевна критика и есеистика при Друштвото на писателите на Македонија, во 9 наврати (2000-2013);
•    Член на Комисијата за доделување на наградата „13 Ноември“ на град Скопје од областа на науката за 2007, 2015, 2016 и 2017 година;
•    Член на Комисијата за издавачка дејност при Министерството за култура на Владата на РМ, во два мандата (2007 и 2008);
•    Член на Сенатот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во два мандата (2004 – 2008 и 2008 – 2012);
•    Член на Интеруниверзитетската конференција на РМ (2008 – 2012);
•    Еден од иницијаторите, државен програмски координатор и член на Организацискиот одбор на 2008 – Година на македонскиот јазик при Владата на РМ;
•    Еден од иницијаторите и организаторите на Првиот македонистички научен собир во Охрид 2008 година;
•    Член на Програмскиот одбор на Меѓународниот славистички конгрес во Охрид 2008 година;
•    Член на Комисијата за доделување на државната награда „Климент Охридски“ од областа на културата за 2009 година;
•    Претседател на Програмско-организасикиот одбор на Меѓународниот научен собир „Св. Наум Охридски и словенската духовна, културна и писмена традиција“ (По повод 1100 години од смртта на преп. Наум Охридски”, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 4-7 ноември 2010 година.
•    Координатор на четвртата научна средба по повод празникот на Св. Климент Охридски при НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, за темата „Свети Климент Охридски и Охридската духовна и книжевна школа“, декември 2010 година.
•    Претседател на Програмско-организацискиот одбор на Меѓународниот научен собир „Кирилометодиевската традиција и македонско-руските духовни и културни врски“ (По повод 1150 години од Моравската мисија и од словенската писменост, организиран од Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Охрид 3-4 октомври 2013 година.

 Награди и признанија

•    Добитник на државната награда „Гоце Делчев“ во 2006 година, како општествено признание за особено значајно остварување во областа на науката за монографското издание Византиско-македонски книжевни врски, Скопје 2005;
•    Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2006 година за посебна афирмација во областа на научно-истражувачката дејност;
•    Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во 2008 година за посебен придонес во развојот и работата на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.
•    Добитник на наградата на град Скопје „13 Ноември“ во 2014 година од областа на науката за научното издание Историја на македонската книжевност. Том 1. Средновековна книжевност (Скопје 2014).