Skip to content

Институтот за македонска литература на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура

Во меѓународната соработка на Институтот за македонска литература, посебно место заземаат активностите во рамките на традиционалните летни школи на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кои секое лето се одржуваат во Охрид. На овогодинешната 48. Летна школа на Меѓународниот семинар (13 – 28 јуни 2015), научните истражувачи од Институтот одржаа повеќе предавања од областа на македонската книжевност, промовираа значајни изданија и зедоа учество на 42. меѓународна научна конференција.  Директорката на Институтот д-р Маја Јакимовска-Тошиќ ги претстави изданијата: „Антологија на македонската книжевност (книжевни остварувања од IX до XXI век)“ и романот на годината за 2014 година на „Утрински весник“ „Балканвавилонци“ од писателот акад. Луан Старова.  

Координатори на секцијата „Литература и култура“ на дводневната научна конференција (27-28 јуни) се д-р Александар Прокопиев и д-р Маја Јакимовска-Тошиќ. Во работата на конференцијата ќе се вклучат 20-тина странски и повеќе домашни учесници.

Seminarot 2 web 2015

Seminarot web1 2015

Seminarot 4 web

 

Seminarot 3 web