ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ 1800-1945 ПРВАТА ПОЛОВИНА НА 20. ВЕК (II ДЕЛ) – Георги Сталев
Институт за македонска литература, Скопје, 2002
Димензии 24см
Број на страници 239
ИСБН 9989-886-43-1
Цена 500,00 ден.
Во трудот се презентирани повеќегодишните истражувања на македонската литература од првата половина на XX век во рамките на проектот „Историја на македонската книжевност“. Овој втор дел содржи осум глави:
1. На преминот од XIX во XX; 2. Историските околности во Македонија околу Првата светска војна; 3. Македонската литература меѓу двете светски војни; 4. Битово-социјална драма (обработени се Васил Иљоски, Антон Панов, Ристо Крле); 5. Социјално-револуционерна поезија (прикажани се личноста и делото на Кочо Рацин); 6. Македонски литературни творци, реализирани на други јазици; 7. Македонскиот литературен кружок во Софија (Никола Јонков Вапцаров) и 8. Македонската литература создавана во НОБ.
