Skip to content

Меѓународна работилница од проектот „Македонскиот и српскиот роман на преминот на новиот милениум“

Plakat za veb1

Во организација на Институтот за македонска литература во Скопје и Институтот за книжевност и уметност во Белград ќе се одржи работилница од проектот „Македонскиот и српскиот роман на преминот на новиот милениум“ на 23 и 24 октомври 2019 во Белград. На оваа работилница учество ќе земат видни македонски и српски автори и проучувачи на книжевноста, кои ќе отворат плодни дискусии на зададената тема и ќе придонесат за подобро меѓусебно запознавање на двете литератури и култури. Ќе се промовираат последните два броја на славистичкото списание „Филолошки студии” и други изданија  кои се однесуваат на меѓукнижевните релации како книгата „Интеркултурни расправи“ од Јасмина Мојсиева-Гушева, ЗККМ, Скопје, 2018. Се планира и посета на 64. Меѓународен саем на книгата што во исто време се одржува во Белград, каде ќе се остварат средби со актуелни српски романсиери.
Проектот „Македонскиот и српскиот роман на преминот на новиот милениум“ (споредбени аспекти) е поддржан од Министерството за култура на РС Македонија.

Програма

Книга на резимеа