Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како институција која на творештвото на Блаже Конески посветува посебно внимание организира научен собир, посветен на
70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески
„Земјата и љубовта“ (1948) и 25 години од смртта
Институт за македонска литература – Скопје
25 април (среда) со почеток во 10.00 часот
Институтот за македонска литература ја смета оваа прва стихозбирка на големиот поет Блаже Конески за значаен настан во македонската култура. Целта на собирот е да се дефинира значењето на оваа збирка поезија за развојот на македонската современа поезија, но и за разнообразната книжевно-научна дејност на Блаже Конески. Трудовите се однесуваат на целокупното творештво на Конески.
Трудовите од научниот собир ќе се објават во меѓународното научно списание Спектар 72/2018.
Одбележувањето на 70 годишнината од објавувањето на првата стихозбирка на Блаже Конески „Земјата и љубовта“ (1948) е предвидено со Програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во Република Македонија за 2018 година донесена од Собранието на РМ („Сл. весник на РМ“ бр. 190/2017).
Организационен одбор:
д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева (претседател), д-р Мишел Павловски (член), д-р Ана Мартиноска (член) и м-р Сарита Трајанова (секретар).
Собирот ќе се одржи на 25 април 2018 година (среда) во просториите на Институтот за македонска литература – Скопје.