Предметен професор: д-р Соња Стојменска-Елзесер

Цели на предметот

Познавање на основен репрезентативен квантум книжевни, етнографски, телевизиски, репортажни и друг вид патописи. Разбирање на врската помеѓу патувањето и уметничката креација. Толкување на патописот од постколонијална и имаголошка перспектива. Разбирање на културолошките аспекти на туризмот. Способност за креативна примена на усвоените знаења за сопствено патописно творештво, за успешна критичка рецепција на различните варијации на патописност и за културолошка согледба на патописноста како еклатантен пример на средбата со другоста. Способност за диференцијација на уметничките, идеолошките, меркантилните и други димензии на патописот. Способност за интермедијални толкувања на патописот. Развивање и јакнење на респект кон културниот диверзитет. Развивање на духот на континуиран отворен дијалог, како во суштинските обележја на самиот патопис, така и во целиот процес на усвојување на знаења.

Содржина на предметот

Предавањата опфаќаат неколку пристапи и етапи на разработка на посочената проблематика:

  • Теоретско промислување на феноменот патописност од аспект на класичната компаратистика, номадизмот и одепоричноста;
  • Интердисциплинарно толкување и анализирање на патописноста;
  • Жанрот патопис во книжевноста (карактеристики, класификација: патописи-репортажи со популарно-информативен и едукативен карактер, книжевно-уметнички патописи од авантуристички тип, мемоарско-биографски и психолошки патописи, епистоларни патописи, патописи-есеи, патописи-романи и др., наратолошки и стилски одлики итн.);
  • Обработка на корпус задолжителна репрезентативна литература од светската и особено од македонската литература;
  • Имаголошки аспекти;
  • Патувањата меѓу реалноста и имагинацијата;
  • Книжевно-историско и културолошко проследување на патописноста.

Предметот корелира со сите уметности во кои патописноста како феномен изградува своја специфична поетика, а исто така се допира и до општествено-социјалните, антрополошките, идеолошко-политичките сфери.

Основна литература

PRATT, Mary Louise: Imperial Eyes: Travel Writing and Transculturation, London and New York: Routledge 1992

TODOROV, Tzvetan: The Conquest of America: The Question of the Other, Harper and Row 1984

KAPLAN C.: Questions on Travel. Postmodern Discourses of Displacement, Durham-London: Duke University Press 1996

Дополнителна литература

Пековиќ, С.: Путопис – условљеност жанра. Књига о путопису. Београд, ИКУ 1099

Нучера, Доминико: Патувањата и книжевноста, Компаративна книжевност, Магор и ДККМ, Скопје 2006 

Ѓузел, Богомил: Куќа цел свет, Скопје 1974