
Искра Николовска
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет
“Блаже Конески” и Менора, Скопје,1997
Димензии 24см
Број на страници 96
ISBN 9989-632-15-4
Книгата претставува интердисциплинарно истражување на збирката “Бели мугри” и има цел да покаже во колкава мера и со каква фиункција Коста Рацин се користи со клишеата на веќе востановените и потврдени поетски системи. По Воведот, книгата содржи два дела: првиот, семантиката на литературното дело и вториот, семантиката на Бели Мугри. Вториот дел има четири поглавја: Семантички фигури; Метафора – обид за дефинирање на поимот; Граматичкиот и семантичкиот систем на метафората во Бели Мугри; Функцијата на клишето во збирката Бели Мугри. На крајот од книгата се поместени Заклучокот и Апстрактот во кои се резимирани истражувањата на насловната тема.
