Skip to content

проф. д-р Славчо Ковилоски

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за македонска литература

Интернет адреса: slavcho.koviloski@outlook.com
Научно звање: научен советник / редовен професор, Одделение за македонска литература во XIX век, студиска програма Културолошки студии во книжевноста (втор циклус)
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонска книжевност во XIX век, историја на македонската книжевност, женското прашање во XIX век, културологија, субкултура
Докторска дисертација: Институт за македонска литература, Скопје, Македонското женско писмо во XIX век, 2017.
Постдипломски студии:
Институт за македонска литература при УКИМ во Скопје, културолошки студии (во книжевноста), Патописот во македонскиот XIX век, 2010.
Високо образование:
Филозофски факултет при УКИМ во Скопје, група историја

Изведува настава на вториот циклус Културолошки студии на ИМЛ по предметите:

•   Патопис (сореализатор)
•   Македонски културни икони (сореализатор)
•   Субкултура

Учество во научноистражувачки проекти
• Македонска книжевна енциклопедија (автори и дела), Институт за македонска литература (2022-2024)
• Стилистика на словенските земји на преминот на двата века (XX-XXI), (Македонска книжевна стилистика и поетика во периодот од 1970-2020 година), Меѓународен славистички комитет, (2021-2022).
• Македонска стилистика и поетика, Меѓународен славистички комитет (2024-2025)
• Траумата во литературата, Институт за македонска литература (2025-2026)

Учества на научни собири
• „Гоце Делчев и македонското женско движење“, Научна конференција 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, Институт за национална историја, Скопје, 4 мај (2022)
• „Гоце Делчев како културна икона“, предавање на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, 27 август (2022)
• „Културно-историските елементи во Воведот и Предговорот на Граматиката на македонскиот литературен јазик од Хорас Лант“, VII меѓународна научна конференција Македонскиот јазик – извор на научни истражувања, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Скопје, 20-21 октомври (2022)
• „Ликовите на Итар Пејо и Насредин оџа во македонскиот фолклор и литература“, предавање на Истанбулскиот универзитет, 17 ноември (2022)
• „Македонските книжевни списанија пред нови предизвици“, трибина на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, 15 октомври (2022)
• „Книжевните манифестации во Македонија“, трибина на ДПМ, Скопје, 26 септември (2022)
• „Зборовите како уметност“, Раѓање на зборот, панел дискусија, Europe House, 3 мај, Скопје (2023)
• „За составувањето речник на македонски книжевни псевдоними“, Од Збор до речник – Денови на Благоја Корубин, Институт за македонски јазик, 4 мај, Скопје (2023)
• „Ацо Шопов на страниците на списанието ‘Нов ден’“, Меѓународна научна конференција 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, Универзитет „Гоце Делчев“, Филолошки факултет, 25-26 мај, Штип (2023)
• „Крсте Мисирков: предвесник на новата епоха“, 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, 30 август, Охрид (2023)
• „Италијански доброволци во македонското револуционерно движење: од архивата на Борис Сарафов“, Европа и Македонија: идеи, процеси и личности, Институт за национална историја, Скопје, 21 септември (2023)
• „Имаголошките претстави на Иво Андриќ за Македонија“, 15. simpozijum Andriceva publicistikа, Slovenija, 19-21.10, Ljubljana (2023)
• „Ѓорѓија Пулевски за Македонија и Македонците“, Македонски преродбеници, Институт за македонска литература, Скопје, 20 декември (2023)
• „Рацинологија, кон научната дисциплина“, 61 Рацинови средби, Велес, 14 јуни (2024)
• „Меѓникот Мисирков“, 150 години од раѓањето на Крсте Петков Мисирков, ИНИ, ИМЈ, ИМЛ, ИФ, Скопје, 18 ноември (2024)
• „Книжевна трибина“, Струшки вечери на поезијата, Струга, 22 август-26 август (2024)
• „Трилогија за вечноста и младоста“, Книжевни проекции 2025: година на значајни јубилеи, Институт за македонска литература при УКИМ, Скопје, 25-26 септември (2025)
• „Индивидуалните и колективните емоции во македонската книжевност во првата половина на 20 век“, Treći stilistički kolokvij, Komisija za stilistiku Međunarodnog slavističkog komiteta, Odjel za kroatistiku i Odjel za rusistiku Sveučilišta u Zadru, 4-5 април, Задар (2025)
• „Јазикот и творештвото“, Друштво на писателите на Македонија, 8 мај (2025)
• „Ранолетните орили и Орлите рано летаат, два макеоднски наслови за еден роман на Бранко Ќопиќ“, Univerzalno u stvaralaštvu Branka Ćopića, Filološki fakultet Univerziteta u Banjoj Luci, Banja Luka, 22-24 мај (2025)
• „Демонологијата во делата на Иво Андриќ и во македонскиот фолклор“, Andrić virtuelni, Universidad Complutense de Madrid, Facultad de Filología, Departamento de Filología Alemana y Filología Eslava, Madrid, 2-4 октомври (2025)
• „Душата во кратките жанри во македонскиот и во српскиот фолклор“, Тајните на човековата душа низ призмата на книжевноста, Институт за књижевност, Белград, 28 и 29 октомври (2025)
• “11-ти и 23-ти Октомври во македонската културна историја“, Здружение Македониум, Здружение на книжевниците на Србија, Белград, 29 октомври (2025)
• „Траумата во македонската книжевност 1903-1912“, Траумата во литературата, ИМЛ, Скопје, 13-14 мај (2026)

Монографии
• Жени во македонската книжевност од XIX век, Скопје, Институт за македонска литература, 273 стр. (2024)
• Псевдоними во македонската книжевност од првата половина на XX век, Скопје, Македоника литера, 138 стр. (2025)
• Жени во македонскиот фолклор од XIX век, Скопје, Институт за македонска литература, 250 стр. (2026)
со-автор
• Македонска поетика со книжевна стилистика (1970–2020) (поглавје), Стилистика славянских стран на рубеже XX–XXI веков (коллективная монография). Под редакцией Станислава Гайды, Бранко Тошовича, Натальи Клушиной, Татьяны Ицкович. Москва, Издательство „ФЛИНТА“, стр. 367-370 (2023).

Општествени и професионални должности
• член на Советот на Институтот за македонска литература
• член на редакцијата на списанието Спектар, ИМЛ, Скопје (2014-2024)
• Член на Комисијата за стилистика на Меѓународниот стилистички комитет (2025-тековно)
• член на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија (2023-2024)
• главен и одговорен уредник на ревијата Стожер на Друштвото на писателите на Македонија (2023-2025)
• уредник на изданието Метрички карван: Гевгелија-Кочани (избор поезија), Гевгелија (2024, 2025)
• главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание Балкански хип-хоп студии (2023-тековно)
• со-редактор на монографското издание Македонска поетика и стилистика, Универзитет „Карл Френсис“ од Виена и Меѓународен стилистички комитет (2025)
• главен и одговорен уредник на меѓународното научно списание Спектар (2025-2026)

Преведувач
Горан Калоѓера, Поглед отстрана, Кочо Рацин (1908-1943). Македоника литера, Скопје, 130 стр. (2025)

Добитник е на повеќе признанија, меѓу кои наградата за наука „3 Ноември“ на град Прилеп и наградата за необјавена поема на македонски јазик „Григор Прличев“. Во 2018 година ја добил државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување од интерес на Република Македонија од областа на науката за монографијата „Прилеп и Прилепско во XIX век (културно-историски процеси)“.