Skip to content

Трибина „Критиката – актуелни аспекти“

kritika i molk LOGO2 za veb

Институтот за македонска литература и Друштвото на писателите на Македонија организираат трибина на тема „Критиката – актуелни аспекти“. Трибината ќе се одржи на 23 февруари 2018 (петок) во ДПМ со почеток во 12.00 часот. Модератори се д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Соња Стојменска-Елзесер, а со свои искажувања ќе учествуваат десетина истакнати критичари, есеисти, универзитетски професори, теоретичари и писатели.
Повод за дискусија е зборникот „Критика и молк: читање на македонската литература и култура“, објавен на крајот од 2017 година.

Покана за трибината