
ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ
УСНА НАРОДНА КНИЖЕВНОСТ – Томе Саздов
Институт за македонска литература при Филолошкиот факултет и Детска радост, Скопје,1997
Димензии 25см
Број на страници 465
ИСБН 9989-30-220-2
Цена 500,00 ден.
Книгата е резултат на проекти работени во рамките на Одделението за македонска народна литература. Користени се трудовите на соработниците во Одделението: д-р Димче Најчевски, д-р Марко Китевски, д-р Ленка Татаровска и Искра Николовска- Нејашмиќ.
Насловот започнува со развојните претставувања и појавата на народното творештво. На прв план е разгледана народната поезија преку: лирски песни, лирско-епски песни и епски песни. Народната проза е претставена во пет класификации: 1. народни приказни за животни и басни; 2. сказни; 3. новели; 4. анегдоти; 5. легенди и преданија. Третото поглавје се однесува на кратките народни умотворби. Насловот “Собирачи на македонски народни умотворби” ги разоткрива патиштата на собирачите на умотворбите, преку: Димитрија и Константин Миладиновци, Партенија Зографски, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, Ѓорги Пулевски, Панајот Ѓиноски. Петтиот дел открива фолклорни елементи во делата на: Григор Прличев, Кочо Рацин, Коле Неделковски, Мите Богоевски, Славко Јаневски и Блаже Конески.
