Skip to content

проф. д-р Валентина Миронска-Христовска

Валентина Миронска-ХристовскаИнтернет адреса: vmironskah@yahoo.com
Научно звање: научен советник / редовен професор
Потесна област на научноистражувачки интерес: македонската литература во XIX век, литературна историја, компаративна литература, историја на културни поими.
Докторска дисертација: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Литературното дело на Евтим Спространов, 2003
Постдипломски студии: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, Македонските преданија за места, 1993
Високо образование: Филолошки факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје, група Општа и компаративна книжевност 1986 година

На студиите при Институтот за македонска литература – Скопје ги предава предметите:
Втор циклус Културолошки студии (во книжевноста)

  • Културните идентитети на Балканот (задолжителен)
  • Просветителството и културата (изборен)

Трет циклус Културолошки студии

  • Културноисториските процеси во 19 век
  • Религија, нација, идентитет

Трет циклус – Македонистика -Македонската книжевност

  • Македонскиот литературен 19 век
  • Литературата и идеологијата

Научноистражувачки проекти
Главен истражувач
Жанровските и естетските книжевни вредности на македонскиот 19 век

Учество

  • Континуитетот на македонската културно-литературна традиција во 19 век;
  • Националните рефлексии во определени творечки пројави на македонската литература во 19 век;
  • Македонски книжевен лексикон;
  • Филолошки белешки (ИМЛ, Универзитетите во Перм, Љубљана и Загреб);
  • Традицијата и континуитетот во македонско – хрватските културни врски;
  • Светите Константин – Кирил и Методиј Солунски
  • Аспекти на религиозното во македонскиот фолклор
  • Кодови на препознавање во македонско-хрватската интеркултурна комуникација, Институт за македонска литература, УКИМ и Filozofskoga fakulteta Sveučilišta u Rijeci, 2013.
  • Христијанската традиција во македонско-словачките духовни и културни врски, Институт за македонска литература, УКИМ  и Univerzita Konštantína Filozofa v Nitre Filozofická fakulta, 2013.
  • Ослободителните борби на Македонија од Источната криза до Балканските војни, МАНУ-БАН, 2015.
  • Културната интеграција и стабилноста на Балканот, билатералниот проект меѓу МАНУ (Р. Македонија)  и БАН (Р. Бугарија), 2014/2016
    Migrating ideas in the Slavic Balkans (XVIII-XX c.), by National Science Centre (NCN). Projekt nr   2014/13/B/HS2/010057, Narodne Centrum Nauki (Polska), Idee wedrowne na slowianskich Balkanach XVIII-XX w, Sefot na proektot: prof. Grazyna Szwat-Gylybow, (Instytut Slawistyki, Polska Akademia Nauk, Warszawa), консултант, 2015/2016.

Студиски престои
Софија, Бугарија (2000, 2001); Риека, Хрватска (2008)

Учество на научни собири
Повеќе меѓународни научни собири во земјата и во странство – Москва (Русија), Риека, Опатија (Хрватска), Познањ (Полска), Нитра (Словачка) итн.

Монографии

  • Македонските преданија за места, Институт за македонска литература, Скопје, 2000.
  • Литературното дело на Евтим Спространов, Институт за македонска литература, Скопје, 2004.
  • Просветителството во Македонија, Институт за македонска литература, Скопје, 2005.
  • Македонската преродба, Институт за македонска литература, Скопје, 2007.
  • Македонското прашање во литературниот 19 век, Институт за македонска литература, Скопје, 2009.
  • Предговорот „Мисирковиот манифест за културниот и националниот развој на Македонците“ за јубилејното издание по повод 100 години од првото печатење на книгата на Крсте П. Мисирков За македонските работи, Табернакул, Скопје, 2003.
  • Литературни студии за македонскиот идентитет / Literary Studies of Macedonian Identity, Институт за македонска литература, Скопје, 2012.
  • Преродбата и македонското национално прашање, ИМЛ, Скопје, 2013.
  • Трајко Китанчев книжевна, културна и револуционерна дејност, ИМЛ, Скопје, 2015.

Kоавтор

  • Компаративна книжевност (учебник за IV година на реформираното гимназиско образование – изборен предмет), Стојменска-Елзесер, С.; Миронска-Христовска, В.; Аврамовска, Н.; Георгиевска-Јаковлева, Л., Просветно дело, Скопје, 2004.
  • Македонскиот деветнесетти век 1800-1902, група автори, МИ-АН, Скопје, 2007.
  • Огледи за македонската интелигенција (XIX-XX век), коавтор, Владо Поповски, Валентина Миронска-Христовска, Марко Китевски, Бранко Цветковски, Макавеј, Скопје, 2015.
  • Антологија на македонската книжевност книжевни остварувања од IX до XXI век, (го приредила делот: „Македонска книжевност во XIX век“), ИМЛ, Скопје, 2014.

Научни и стручни трудови во периодиката
Автор е на 130-тина научни трудови во домашни и меѓународни списанија.

Членства во научни и други професионални асоцијации
Во моментов е раководител на Одделението за македонска литература во 19 век. Била член на редакциски одбори при објавување зборници од научни собири, координатор на Научната конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (2007). Била уредник на научното списание „Спектар“ и актуелен член на Редакцијата. Била член на Издавачкиот одбор и Советот на ИМЛ. Член е на Наставно-научниот колегиум за втор циклус студии на ИМЛ. Член на Друштвото за компаративна книжевност.