Институт за македонска литература, Скопје, 2018
Димензии 25см
Број на страници 318
ИСБН 978-608-4744-11-5
Цена 300,00 ден.
Предметот на истражување е македонското женско авторство (писмо) во XIX век, односно презентирање на македонските авторки од овој период. Со нивните дела (оригинални трудови, преводи и интерпретации на народни песни) и нивните биографски податоци се согледува дека имало македонско женско писмо во споменатиот период. Македонските авторки пишувале статии за женското прашање, потписнички се на новинарски текстови, на правни акти, на училишни извештаи и на епистоларни записи. Дел од откриените дела се анонимни, односно не се потпишани или пак, се предадени со иницијали и псевдоними. Книгата е поделена во шест дела: Жената во светот во XIX век; Kултурно-историските процеси во XIX век; Народните пејачки; Појава на македонското женско писмо; Творечки пројави на македонските авторки; Био-библиографии на македонските авторки од XIX век. Ова истражување претставува прв обид за откривање и проучување на македонските авторки, кои треба да ги пополнат одредниците во македонските речници, лексикони и енциклопедии по ова прашање.