Context / Контекст
кон веб-страницата на списанието
CONTEXT / КОНТЕКСТ е меѓународно научно списание за компаративна книжевност и интердисциплинарни културолошки истражувања. На неговите страници се презентираат студии од домашни и странски автори посветени на проблемските подрачја на современите хуманистички дисциплини, со акцент врз нивното што посестрано испреплетување и комбинирање и мултиплицираното поврзување со социо-општествениот и културен контекст.
Трудовите се рецензираат и се објавуваат на македонски и на англиски јазик.
Списанието се објавува од 1995 година и првите седум броја се под насловот Книжевен контекст.
Од 2010 година (од осмиот број) списанието го добива сегашниот профил на списание со Меѓународен уредувачки одбор.
Online ISSN 3142-614X
Print ISSN 1857-7377
Меѓународен уредувачки одбор на Context / Контекст
Главен и одговорен уредник
Соња Стојменска-Елзесер (Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија)
Извршни уредници
Ема Лакинска (Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија)
Славица Петровска-Ѓорѓевска (Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Македонија)
Меѓународен уредувачки одбор
Ричард Хибит (Универзитет во Лидс, Обединето Кралство)
Лидеке Плате (Радбо Универзитет во Нијминген, Холандија)
Маријан Довиќ (Институт за словенечка книжевност и книжевни студии при Словенечката академија на науки и уметности, Словенија)
Ангела Фернандес (Универзитет во Лисабон, Португалија)
Мартин Хетењи (Универзитет „Константин Филозоф“ во Нитра, Словачка)
Мехмет Самсакчи (Универзитет во Истанбул, Турција)
























