Во меѓународната соработка на Институтот за македонска литература во Скопје, посебно место заземаат одржаните предавања на 46. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и учеството на 40. меѓународна научна конференција.
Во рамките на програмата на Школата, на 16 јуни 2013 година, д-р Маја Јакимовска-Тошиќ и д-р Илија Велев ги претставија најновите изданија и дејноста на Институтот. Примероци од изданијата беа отстапени на овогодинешните учесници на Школата.
На јубилејната (40) меѓународна научна конференција се обработија три значајни теми: Светите Кирил и Методиј и словенската култура низ вековите и денес по повод 1150 години од Моравската мисија, Книжевната критика во Македонија: по повод 85-годишнината од раѓањето на акад. Милан Ѓурчинов и Македонската книжевност наспрема другите книжевности. Координатор на научната конференција беше д-р Соња Стојменска-Елзесер.
|
|
