Институт за македонска литература, Скопје, 2024
Димензии 21 см
Број на страници 478
ISBN 978-608-4744-43-6
Цена 400,00 ден.
Предмет на истражување на книгата Драмaтa и македонскиот културен идентитет на преминот од XIX во XX век од Славица Петровска-Ѓорѓевска е влијанието на драмата како книжевен род врз процесите на обликување на македонскиот културно-историски идентитет на преминот од XIX во XX век. Во разработката на темата е пристапено мултидисциплинарно, односно се земени предвид книжевните, културолошките, културно-историските и општествено-политичките гледишта.
Примарната цел на оваа издание е револуционерната драма од крајот на XIX и почетокот на XX век да се цени како есенцијална врска во дијахронискиот развој на македонскиот културен идентитет. Преку проследувањето на мноштво статии, објави и критики од тогашниот периодичен печат, голем број на записи, фотографии, плакати, писма од архивските збирки, е оформена целосна претстава за односот на драмата и театарот кон општествено-политичките случувања во дадениот период. Наодите изнесени во ова издание ја потврдуваат нашата теза дека драмата и културниот идентитет се нераскинливо поврзани. При истражувањето се употребени комбинирани научни методи кои се движат во релација помеѓу историско-аналитичката и културната методологија. Изнесените податоци се собрани преку повеќеслоен пристап, што подразбира дека теоретски е поткрепен од повеќе области на хуманистичките и општествените науки (културологија, филологија, историја, социологија, психологија итн.). Теоретската основа врз која е изграден корпусот на ова издание ги вклучува теориите за: културен и национален идентитет, културната меморија и драмската теорија.